1Samuel (29/31)  

1. Филистејците ги собраа сите свои добровлни чети во Афек, а Израилците се улогорија при изворот, кој е во Језраел.
2. Кнезовите филистејски врвеа со стотици и иљади, а Давид и лу ето негови одеа зад нив со Анхуса.
3. И говореа кнезовите филистејски: "Какви се тие Евреи?" Анхус им одговараше на кнезовите филистејски: "Зар не знаете, дека е тоа Давид, слугата на Саула, царот израилски? Тој е кај мене повеке од една година, и јас не најдов кај него ништо лошо, откако е дојден до денес."
4. И почнаа да негодуваат против него кнезовите филистејски и му рекоа: "Испрати го тој човек; нека си оди на местото, што си му го определил, за да не оди со нас во војна и да не стана наш противник во војната. Со што може да го смилостиви господарот свој, ако не со главите на овие наши лу е?
5. Не ли е тоа оној Давид, на кого му пееја во хоровите, велејки: Саул порази иљади, а Давид - десетици иљади?"
6. И Анхус го повика Давида и му рече: "Жив Господ! Ти си чесен, и на очите мои би им било мило да излегуваш и да влегуваш со мене во моето војување; зашто јас не сум забележал во тебе ништо лошо, откако си дојден при мене дури до денес; но во очите на кнезовите ти не си добар.
7. Затоа, врати се сега, оди си со мир и не ги дразни кнезовите филистејски.
8. Но Давид му рече на Анхуса: "Што сум направил и што си нашол кај твојот слуга, откако сум пред лицето твое и до денес? Зошто да не одам и да не војувам против непријателите на мојот господар, царот?"
9. Анхус му одговори на Давида: "Биди уверен, дека во очите мои ти си добар како ангел Божји; но кнезовите филистејски рекоа: "Нека не доа а со нас во војна."
10. Затоа стани утре рано, ти и слугите на господарот твој, што дошле со тебе и одете во местото, што ви го определив, и немој да имаш лоша мисла во срцето свое, зашто пред мене ти си добар; станете утре рано и, што ке се раздени, одете."
11. И Давид стана, тој и лу ето негови, за да тргнат рано изутрината и да се вратат во земјата Филистејска. А Филистејците отидоа да војуваат во Језраел.

  1Samuel (29/31)