1Samuel (28/31)  

1. Во тоа време Филистејците ги собраа војските свои за војна, за да војуваат против Израилот. А Анхус му рече на Давида: "Знај дека и ти ке тргнеш со мене во борба, ти и твоите лу е."
2. Давид му рече на Анхуса: "Сега ке дознаеш, што ке направи твојот слуга." Анхус, пак му рече на Давида: "Затоа ке те направам пазител на мојата глава засекогаш."
3. Самуил беше умрел, и го оплакуваа сите Израилци и го погребаа во Рама, во неговиот град. А Саул ги беше изгонил ме епсниците и гатачите од земјата.
4. Се собраа Филстејците и отидоа, та се улогорија во Сонам; го собра и Саул сиот народ израилски и се улогорија во Гелвуја.
5. Саул го виде филистејскиот логор и се исплаши, и силно му затрепери срцето.
6. Тогаш Саул го запраша Господа; но Господ не му одговараше ни на сон ни преку урим, ни преку пророците.
7. И им рече Саул на слугите свои: "Најдете ми жена ма епсница, и јас ке одам кај неа и ке ја прашам. И му одговорија неговите слуги: "Тука во Аендор има жена ма епсница."
8. И ги соблече Саул алиштата свои и облече други, и тргна тој и двајца лу е со него, и дојдоа кај жената ноке. И и рече Саул: "Те молам, гледај ми, и извикај ми, кого што ке кажам."
9. Но жената му одговори: "Ти знаеш, што направи Саул, знаеш дека тој ги истера од земјата гатачите и гледачите; зошто тураш стапица на душата моја, за да ме погубиш?"
10. И Саул и се заколна во Господа, велејки: "Жив ми Господ, нема да ти се случи ништо лошо за тоа."
11. Тогаш жената праша: "А кого да ти го извикам?" Тој одговори: "Извикај ми го Самуила."
12. И жената го виде Самуила и - високо извика; жената се обрна кон Саула и рече: "Зошто ме излага? Ти си Саул."
13. Царот и рече: "Не плаши се; кажи што гледаш?" Жената одговори: "Гледам како оа Господ излгува од земјата."
14. "Каков е тој на изглед?" - праша Саул. Таа одговори: "Излегува од земјата престар маж, облечен во долга облека." Тогаш Саул дозна, дека е тоа Самуил, падна ничкум на земјата и се поклони.
15. И Самуил му рече на Саула: "Зошто ме обеспокојуваш да излегувам?" А Саул одговори: "Многу ми е тешко; Филистејците војуваат против мене, а Бог отстапи и повеке не ми одговара ни преку пророци, ни на сон, ни во видение; затоа те повикав, за да ме поучиш, што да правам."
16. Самуил одговори: "А зошто ме прашуваш мене, кога Господ отстапил од тебе и станал твој непријател?
17. Господ ке ти го направи тоа, што го говореше преку мене: ке го одземе Господ царството од рацете твои и ке му го даде на твојот близок, на Давида.
18. Бидејки ти не го послуша гласот Господов и не го исполни Неговиот јаросен гнев врз Амалика, Господ и го врши тоа сега над тебе.
19. Господ ке го предаде Израилот заедно со тебе во филистејски раце; утре ти и твоите синови ке бидете со мене, а логорот израилски Господ ке го предаде во филистејски раце."
20. Тогаш Саул наеднаш падна со целото тело свое на земја, бидејки многу се исплаши од зборовите на Самуила; притоа и сила немаше во него, зашто не беше јадел леб целиот тој ден и цела нок.
21. Тогаш онаа жена се приближи до Саула и виде, дека тој многу се уплашил, и рече: "Ете, слугинката твоја го послуша гласот твој, го изложи животот свој на опасност и ја изврши заповедта, што ти ми ја даде;
22. сега, молам, послушај го и ти гласот на слугинката твоја: јас ке ти изнесам залче леб, касни си, и ке имаш сила, кога ке тргнеш на пат."
23. Но тој откажа, велејки: "Нема да јадам." И почнаа да го советуваа лу ето негови, а исто така и жената; и тој го послуша гласот нивни, стана од земјата и седна на леглото.
24. А жената имаше в куки згоено теле, и побрза та го закла, заде брашно, па замеси и испече погача,
25. и им принесе на Саула и на слугите негови, и тие каснаа, станаа и заминаа истата нок.

  1Samuel (28/31)