1Samuel (27/31)  

1. И Давид рече во срцето свое: "Kе паднам некогаш во рацете на Саула; за мене ништо подобро, освен да избегам во Филистејската земја; и Саул ке престане да ме бара веке по сите израилски предели, и јас ке се спасам од рацете негови."
2. Тогаш Давид стана и отиде, тој и шестотини мажи, кои беа со него, при гетскиот цар Анхус, син Моахов.
3. и Давид живееше при Анхуса во Гет, тој и лу ето негови, секој со челадта своја; Давид и двете жени негови - Израилката Ахиноама и кармелитката Авигеја, бивша Навалова жена.
4. Му јавија на Саула, дека Давид избегал во Гет, и тој веке не го бараше.
5. И Давид му рече на Анхуса: "Ако сум се здобил со милост во очите твои, нека ми биде дадено место во еден мал град, и јас ке живеам таму; зашто твојот роб да живее во царскиот град заедно со тебе?"
6. Тогаш Анхус му го даде градот Секелаг; затоа Секелаг и остана за царевите јудејски до денес.
7. Сето време, што Давид го помина во Филистејската земја, беше година и четири месеци.
8. И Давид излегуваше со лу ето свои и ги напа аше Јесурците и Јерзејците и Амаликијците, кои одамна ја населуваа таа земја до Сур и дури до Египетската земја.
9. И Давид ја опустошуваше таа земја и не оставаше живи ни мажи, ни жени, и заграбуваше овци и волови, и осли и камили и облека и се вракаше и доа аше при Анхуса.
10. И Анхус го праша Давида: "Каде нападнавте денес?" Давид одговори: "Кон југ на Јудеја, кон југ на Јерахмеел и кон југ на Кенеја."
11. Давид не оставаше живи ни мажи, ни жени, и не ги доведуваше во Гет, велејки: "Тие можат да не наклеветат, и да кажат: тоа и тоа го направи Давид, и такви му се постапките за сето време, додека живееше во Филистејската земја."
12. А Анхус му се довери на Давида, велејки си: "Тој стана намразен од народот свој Израилот и си рече ке ми биде слуга засекогаш."

  1Samuel (27/31)