1Samuel (26/31)  

1. При Саула во Гива дојдоа зифејци од југ и рекоа: "Ете, Давид се крие кај нас на ридот Ехелат, десно од Јесимон."
2. Тогаш Саул стана, се спушти во пустињата Зиф, и со него три иљади одбрани мажи израилски, за да го бара Давида во пустињата Зиф.
3. И Саул се улогори на ридот Ехелат, десно од Јесимон, до патот; а Давид, кој се нао аше во пустињата, виде, дека Саул оди по него во пустињата;
4. и Давид испрати разузнувачи и дозна, дека Саул навистина дошол од Кеил.
5. И стана Давид и тајно отиде на местото, каде што Саул се беше улогорил, го виде Давид местото, каде што спиеше Саул и веононачалникот негов Авенир, синот Ниров. Саул спиеше во шаторот, а народот се беше сместио околу него.
6. Давид се обрна и им рече на Хетеецот Авимелех и на Авеса, синот на Саруја, Јоавов брат, велејки: "Кој ке дојде со мене кај Саула во шаторот?" Авеса одговори: "Јас ке дојдам со тебе."
7. Давид дојде со Авеса кај лу ето Саулови ноке; и ете, Саул лежи заспан во царската кола и копјето му е забодено во земјата при перницата негова; а Авенир и народот лежеа околу него.
8. Авеса му рече на Давида: "Денес Господ го предаде твојот непријател во рацете твои; затоа дозволи, јас ке го приковам со копје за земјата со еден замав и нема да го повторам ударот."
9. Но Давид му рече на Авеса: "Не убивај го, зашто кој кренал рака врз помазаник Господов, а останал неказнет?"
10. Давид уште рече: "Жив е Господ. Нека го порази Господ, или ке дојде денот негов, и тој ке умре, или ке отиде во војна и ке загине; а мене да не ми дава Гсопод да кренам рака врз помазаник Господов;
11. туку земи го копјето негово, што е при перницата негова, и садот со вода, па да си одиме."
12. Давид го зеде копјето и садот со вода при зглавјето на Саула, и си отидоа; и никој не виде, никој не дозна и никој не се рабуди, а сите спиеја, бидејки ги беше обзел сон од Господа.
13. Премина Давид од онаа страна и застана на врвот од ридот далеку, а ме у нив имаше големо растојание.
14. И викна Давид кон народот и кон Авенира, синот Ниров, велејки: "Авенире, јави се!" Авенир се јави и рече: "Кој си ти, што викаш и го обеспокојуваш царот?"
15. Давид му рече на Авенира: "Нели си маж, и кој е рамен на тебе во Израилот? Зошто тогаш не го чуваш господарот свој, царот? Зашто доа аше некој од народот да го убие царот, твојот господар.
16. Ти лошо правиш; жив да е Господ! Вие заслужувате смрт, поради тоа што не го чувате господарот свој, помазаникот Господов. Види, каде е копјето на царот и садот со вода, што беа при зглевјето негово?"
17. И Саул го позна гласот на Давида и рече: "Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?" И Давид рече: "Мојот глас е, господару мој, царе."
18. И рече уште: "Поради што господарот мој го гони својот слуга? Што сум направил? Какво зло најде кај мене?
19. А сега мојот господар и цар нека ги ислуша зборовите на својот слуга: "Ако Господ те поттикнал против мене, тоа нека биде од тебе жртва; благопријатен мирис; ако, пак, - синот човечки, тогаш проклети да се од Господа, бидејки тие сега ме изгонија, за да не припа ам кон наследството Господово; велејки: - оди и служи им на ту и богови.
20. Нека не се прилее мојата крв на земјата пред Господа, зашто царот Израилев излезе да бара една болва, како кога се брка еребица по планините."
21. Тогаш Саул рече: "Јас згрешив; врати се, сине мој Давиде, зашто нема повеке да ти правам зло, бидејки денес душата ми беше скапа во твоите очи; безумно постапував јас и многу, многу згрешив."
22. Давид му одговори и рече: "Еве го копјето на царот; нека дојде еден младич и нека го земе;
23. а Господ нека му даде секому според правдата Негова и според вистината Негова, зашто Господ го предаваше во рацете мои, но јас не посакав да кренам рака врз помазаникот Господов;
24. и, како што денес ти беше скапоцен животот твој во моите очи, така нека се цени и мојот живот во очите на Господа; Он нека ме заштитува и нека ме спаси од секаква невоља!"
25. А Саул му довикна на Давида: "Благословен да си, сине мој Давиде; ти ке го извршиш она што си го започнал, и бездруго ке победиш." И тогаш Давид отиде по својот пат, а Саул се врати во местото свое.

  1Samuel (26/31)