1Samuel (24/31)  

1. Потоа Давид излезе оттаму и живееше по неопасните места на Ен-Гади.
2. Кога Саул се врати од Филистејците, му јавија, велејки: "Ете, Давид е во пустињата Ен-Гади."
3. Тогаш Саул зеде три иљади одбрани мажи од цел Израил и отиде да го бара Давида и лу ето негови по планините, каде што живеат дивокози.
4. И дојде кај едно овчо трло крај патат; таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и лу ето негови седеа во дното на пештерата.
5. И му рекоа на Давида лу ето негови: "Еве го денот, за кој ти говореше Господ: ‘ете, Јас ке го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ке сториш со него, она што ти е угодно." Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека.
6. Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека.
7. И им рече на лу ето свои: "Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејки тој е помазаник Господов."
8. Со тие зборови ги задржа лу ето свои и не им дозволи да го нападнат Саула. А Саул стана и излезе од пештерата на патот.
9. Потоа стана и Давид, излезе од пештерата и извика по Саула, велејки: "Господару мој, цару!" Саул погледна назад, и Давид падна со лицето на земјата, и му се поклони.
10. И Давид му рече на Саула: "Зошто ги слушаш зборовите на овие лу е, што велат, ете, Давид крои зло против тебе?
11. Ете, денес гледаат очите твои, дека Господ те предаваше во рацете мои во пештерата, и ми говореа да те убијам, но јас те поштедив и реков: нема да кренам рака на мојот господар, бидејки тој е помазаник на Господа.
12. Татко, погледни ја полата на облеката твоја во мојата рака, јас ја пресеков полата од облеката твоја, а тебе не те убив; знај и увери се, дека во раката моја нема зло, ни непријателство, и дека јас не сум згрешил спрема тебе; а ти ја бараш душата моја, за да ја одземеш.
13. Господ нека пресуди ме у мене и тебе, и нека ти одмазди Господ за мене; но мојата рака нема да биде врз тебе,
14. како што вели старата поговорка: - од беззаконици излегува беззаконие. - Затоа раката моја нама да биде врз тебе.
15. Против кого излегол царот Израилски? По кого си се растрчал? По мртво куче, по една болва.
16. Господ нека биде судија и Он нека пресуди ме у мене и тебе. Тој ке го испита делото мое и ке ме спаси од раката твоја."
17. Откако ги изрече Давид тие зборови кон Саула, Саул рече: "Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?" И го крена Саул гласот свој, и плачеше
18. и му рече на Давида: "Ти се поправ од мене, зашто ти ми врати со добро, а јас ти вракав со зло;
19. ти го покажа тоа денес, постапувајки со мене милоситво: кога Господ ме предаваше во рацете твои, ти не ме уби.
20. Кој, откако ке го најде непријателот свој, ке го пушти здрав и цел? Господ нека ти врати со добро за тоа што ми го направи денес ти.
21. Сега знам, дека ти бездруго ке станеш цар, и царството Израилево ке биде силно во раката твоја.
22. Затоа заколни ми се во Господа, дека нема да го искорениш потомството мое по мене и нема да ги уништи името мое во татковиот дом мој."
23. Му се заколна Давид на Саула. И Саул отиде во својот дом, а Давид и лу ето негови отидоа во утрврдено место.

  1Samuel (24/31)