1Samuel (22/31)  

1. И Давид отиде оттаму и избега во Адоламската пештера, а кога слушнаа браката негови и сиот татков дом негов, дојдоа таму при него.
2. Се собраа при него сите подјармени, сите должници и сите душтевно огорчени, и тој им стана началник; и со него беа околу четиристотини души.
3. Оттаму Давид отиде во Масифа Моавска и му рече на моавскиот цар: "Татко ми и мајка ми нака останат при вас, додека разберам што ке направи Бог со мене."
4. И ги доведе при моавскиот цар, и тие живееја при него за сето време додека Давид беше во она прибежиште.
5. Но пророкот Гад му рече на Давида: "Не останувај во ова прибежиште, туку оди, оди во земјата Јудина." И Давид замина и отиде во гората Херет.
6. Саул чу, дека Давид се појавил со лу ето, што беа со него. Саул тогаш седеше во Гива, под дабот на ридот во Рама, со копје во раката, и опколен од сите свои слуги.
7. И им рече Саул на слугите свои, што беа околу него: "Чујте, Венијаминови синови! Зар Јесеевиот син ке ви даде на сите вас ниви и лозја и сите вас ке ве постави за иљаданачалници и стотници,
8. та сите сте се здоговориле против мене, и никој не ми јави, кога синот ми се спријателил со синот Јесеев, и никој од вас не ме пожали и не ми соопшти, дека син ми го поттикнал против мене мојот слуга да ми кове стапици, како што се гледа сега?"
9. Идумеецот Доик, кој стоеше со Сауловите слуги, одговори и рече: "Јас видов, кога Јесеевиот син доа аше во Номва при Авимелеха, синот на Ахитува,
10. и тој го праша за него Господа, му даде храна, му го даде и мечот на филистеецот Голијат."
11. Тогаш испрати царот да го повикаат свештеникот Авимелех, синот Ахитувов, и целиот татков дом негов, свештениците, што беа во Номва. И сите тие дојдоа при царот.
12. Саул рече: "Чух, сине Ахитувов!" Тој одговори: "Еве, ме господару."
13. А Саул го запраша: "Зошто сте се договориле против мене, ти и Јесеевиот син, та си дал лебови и меч и си го прашал Бога за него, за да востане против мене и да ми поставува стапици, како што се гледа сега?"
14. Авимелех му одговори на царот и рече: "Кој од сите твои робови е толку верен како Давид? Тој е и царев зет, и исполнител на твоите заповеди, и почитуван во домот твој?
15. Сега за првпат ли го прашувам Бога за него? Но не обвинувај го во тоа, цару, слугата свој и целиот мој татков дом, зашто во целата таа работа твојот слуга не знае ништо, ниту мало, ниту големо."
16. Но царот му рече: "Авимелех, ти треба да умреш, ти и целиот твој татков дом."
17. И царот им рече на телохранителите што стоеја при него: "Одете, убијте ги свештениците Господови, зашто и нивната рака е со Давида, и тие знаеја, дека тој избегал, а не ни јавија." Но царските слуги не сакаа да кренат раце, за да ги убијат свештениците Господови.
18. Тогаш царот му рече на Доика: "Оди ти и убиј ги свештениците!" И Доик Идумеецот отиде, ги нападна свештениците и во тој ден уби осумдесет и пет мажи, што носеа ленен ефод;
19. го порази со меч и Номва, свештеничкиот град; уби со меч мажи и жени, момчиња и девојчиња, волови, осли и овци.
20. Се спаси само еден од синовите на Авимелеха, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега при Давида.
21. Авијатар му раскажа на Давида, дека Саул ги уби свештениците Господови.
22. А Давид му рече на Авијатара: "Јас знаев оној ден, кога таму беше Идумеецот Доик, дека тој бездруго ке му јави на Саула; јас сум виновен за сите души од татковиот дом твој.
23. Остани при мене, не плаши се, зашто како што ја бара душата моја, ке ја бара и твојата душа; ти ке бидеш кај мене по заштита."

  1Samuel (22/31)