1Samuel (21/31)  

1. Давид дојде во Номва при свештеникот Авимелех, и Авимелех се збуни, кога се сретна со Давида, па му рече: "Зошто си сам? И зошто нема никој со тебе?"
2. Давид му рече на свештеникот Авимелех: "Царот ми даде заповед, велејки: ‘Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставам слугите свои на определено место;
3. а сега дај ми, што имаш при рака, пет леба, или што ке се најде."
4. Свештеникот му одговори на Давида, рече: "Немам при рака обичен леб, туку имам свештен леб; само, ако твоите лу е се воздржале од жени, нека јадат."
5. Тогаш Давид му одговори на свештеникот и му рече: "Жени при нас немаше ни вчера, ни завчера, откако сум излегол, и садовите на момчињата се чисти, а ако патот е нечист, тоа лебот ке остане чист во садовите."
6. Свештеникот му даде од свештениот леб, бидејки немаше друг леб освен лебовите на предложението, што беа земени пред лицето на Господа, та по симнувањето нивно, да се стават топли лебови.
7. Тој ден таму се нао аше еден од слугите Саулови, по име Доик, Идумеец, началник на Сауловите овчари.
8. Давид му рече на Авимелеха: "Немаш ли тука при рака копје или меч? Зошто јас не зедов со себе ниту меч, ниту друго оружје, бидејки пораката на царот беше набрзина."
9. Свештеникот одговори: "Ете го мечот на Филистеецот Голијат, кого го уби ти во дабовата долина, завиткан во платно, зад ефодот; ако сакаш, зами го: друг освен него тука нема."
10. Давид стана и избега истиот ден од Саула, и дојде при гетскиот цар Анхус.
11. Му рекоа на Анхуса слугите негови: "Овој ли е Давид, царот на онаа земја? Не ли му пееја нему лу ето, велејки: "Саул порази иљади, а Давид - десетици иљади?"
12. Давид ги стави тие зборови во срцето свое и многу се плашеше од Анхуса, царот гетски.
13. Тогаш го измени лицето свое пред нив, и се преправи на безумен во очите нивни и удираше по вратите, се фрлаше на рацете свои и пушташе лиги по брадата своја.
14. Анхус им рече на робовите свои: "Гледате, овој човек е луд; зошто сте го довеле при мене?
15. зар малку луди имам при себе, та сте го довеле да лудува пред мене? Зар тој ке влезе во куката моја?"

  1Samuel (21/31)