1Samuel (20/31)  

1. Давид избега од Нават, кој е во Рама, и дојде, па му рече на Јонатана: "Што направив јас, во што сум виновен, со што згрешив пред татко ти, та ја бара душата моја?"
2. Му одговори Јонатан: "Не, ти нема да умреш; ете, татко ми на врши ништо, било големо, било мало, без да им јави на ушите мои; зашто татко ми ке го крие тоа од мене тоа? Тоа нема да биде."
3. Давид се колнеше и говореше: "Татко ти добро знае, дека јас најдов благонаклоност за очите твои, затоа си вели: ‘нека не знае за тоа Јонатан, за да не се огорчи; но жив е Господ и жива е душата твоја - само еден човек има ме у мене и смртта."
4. Јонатан му рече на Давида: "Што сака душата твоја, јас ке го сторам тоа за тебе."
5. Тогаш Давид му рече на Јонатана: "Ете, утре е нов месец, и јас треба да седам со царот на трпезата; но пушти ме, и јас ке се сокријам во полето до вечерта на третиот ден.
6. Ако татко ти запраша за мене, ти кажи: ‘Давид ме замоли да отиде во својот град Витлеем, зашто таму се врши годишно принесување на жртва за сиот негов род.‘
7. Ако на тоа тој кажа: ‘добро‘, твојот роб ке има мир; ако, пак, се разгневи, тогаш знај, дека тој намислил нешто лошо.
8. А ти стори милост на твојот слуга, - зашто ти го прими слугата свој во завет Господов со тебе, - и ако има некоја вина во мене, убиј ме; зошто да ме водиш кај татко ти?"
9. Јонатан одговори: "Тоа нема да стане со тебе; зашто, ако навистина дознаам, дека татко ми решил да ти направи нешто лошо, зар нема да ти јавам за тоа?"
10. Тогаш Давид му рече на Јонатана: "Кој ке ми соопшти, ако татко ти одговори налутено?"
11. Јонатан му рече на Давида: "Ајде да одиме во полето." И обајцата излегоа во полето.
12. Јонатан му рече на Давида: "Жив Господ, Бог Израилев! Утре во ова време, или другиот ден, ке разберам од татко ми; и ако е тој балгонаклонет кон Давида, и ако јас уште тогаш не испратам при тебе и не ти јавам пред ушите твои,
13. тоа и тоа нека направи Господ со Јонатана и уште повеке да додаде зло, и тоа ке го соопштам до ушите твои, и ке те пуштам; тогаш оди си со мир, и Господ нека биде со тебе, како што беше со татко ми!
14. Но и ти, ако бидеш уште жив, направи ми милост Господова.
15. Ако, пак, умрам, не ја одземај милоста своја од домот мој никогаш, дури ни тогаш, кога Господ ке ги истреби од лицето на земјата сите непријатели Давидови."
16. Така склучи Јонатан завет со домот Давидов и рече: "Господ нека им врати на непријателите Давидови!"
17. Јонатан пак му се заколна на Давида во љубовта своја кон него, бидејки го сакаше како душата своја.
18. И му рече Јонатан: "Утре е нов месец, и ке запрашаат за тебе, бидејки местото твое нема да биде зафатено;
19. затоа на третиот ден слези и оди брзо на местото, каде што се криеше порано, и седни кај каменот Азел;
20. јас, пак, ке пуштам кон таа страна три стрели, како оа стрелам во цел;
21. потоа ке испратам едно момче, на кого ке му кажам: "оди, најди ги стрелите", и ако му кажам на момчето: - на, стрелите се зад тебе, земи ги, дојди при мене, бидејки има мир за тебе, и, жив ми Господа, нема ништо да ти стане;
22. ако, пак, му кажам вака на момчето: ‘на, стрелите се пред тебе‘ оди си, бидејки Господ те пушта;
23. а за тоа, за кое говоревме јас и ти, Господ е сведок ме у мене и тебе засекогаш."
24. Давид се сокри во полето. Настапи нов месец, и царот седна да руча.
25. Царот седна на местото свое, како секогаш, на седиштето до sидот. Јонатан стана, и Авенир седна до Саула; а местото на Давида остана празно.
26. Тој ден Саул не кажа ништо, зашто си помисли, дека е тоа случајно, дека е Давид нечист, не се исчистил.
27. Настапи и вториот ден на новиот месец, а местото на Давида остануваше празно. Тогаш Саул му рече на синот свој Јонатан: "Зошто синот Есеев не дојде на ручек ниту вчера, ниту денес?"
28. Јонатан му одговори на Саула: "Давид измоли од мене да отиде во Витлеем,
29. велејки: ‘Пушти ме, бидејки имаме во градот родбинско принесување жртва, и брат ми ме покани; затоа, ако сум нашот благонаклоност во очите твои, да отидам и да се видам со браката свои, затоа тој и не дојде на царскиов ручек."
30. Тогаш Саул многу се разгневи на Јонатана и му рече: "Недостоен и непокорен сине! Зар не знам дека си се здружил со Јесеевиот син за срам, на себе си и за срам на мајка си!
31. Зашто во сите денови, додека Есеевиот син ке живее во земјата, нема да опстанеш ни ти, ни царството твое; а сега испрати и доведи го при мене, бидејки е осуден на смрт."
32. Јонатан му одговори на татка си Саула и му рече: "Зошто да се убива? Што направил?"
33. Тогаш Саул фрли копје врз него, за да го убие. Тогаш Јонатан разбра, дека татко му решил да го убие Давида.
34. Јонатан стана од трпезата многу разгневен и не ручаше на другиот ден од новиот месец, зашто тагуваше за Давида, а и затоа што татко му го навреди.
35. На другиот ден изутрина Јонатан излезе на полето, во времето, што му го беше определил на Давида, и едно мало момче со него.
36. И тој му рече на момчето: "Трчи, барај ги стрелите, што ги пуштам." Момчето се затрча, а тој ги пушташе стрелите така, што тие летаа подалеку од момчето.
37. И момчето се затрча натаму, на каде што Јонатан ги пушташе стрелите, и Јонатан викна по момчето и рече: гледај, стрелата е пред тебе.
38. Јонатан, пак, викаше по момчето: "Трчај побрзо, не се запирај." И момчето ги собра Јонатановите стрели и дојде при господарот свој.
39. А момчето не знаеше ништо; само Јонатан и Давид знаеја, каква е работата.
40. Тогаш Јонатан му го даде оружјето свое на момчето, што беше со него, и му рече: "Оди и однеси го во градот."
41. Момчето отиде, а Давид се исправи од кон југ и падна ничкум на земјата и трипати се поклони; и се бакнаа тие еден со друг, и обајцата плачеа заедно, но Давид повеке плачеше.
42. Јонатан му рече на Давида: "Оди со мир; а тоа, во кое се колневме двајцата во името Господово, велејки: ‘Господ да биде ме у мене и твоето семе‘, нека биде засекогаш."
43. Давид стана и замина, а Јонатан се врати во градот.

  1Samuel (20/31)