1Samuel (18/31)  

1. Кога Давид го заврши разговорот со Саула, душата на Јонатан се приврза до душата негова, и Јонатан го засака како душата своја.
2. И тој ден Саул го задржа и не му дозволи да се врати во татковиот си дом.
3. А Јонатан склучи сојуз со Давида, бидејки го засака како душата своја.
4. Јонатан ја сметна горната облека своја, што беше на него, и му ја даде на Давида, исто така и другата облека своја, и мечот свој, и лакот свој, и појасот свој.
5. А Давид постапуваше разумно насекаде, каде и да го испратеше Саул, и Саул го направи началник над воените лу е; и тоа му се допадна на сиот народ и на слугите Саулови.
6. Кога одеа, при вракањето на Давида од победата над Филистеецот, жените од сите израилски градови излегуваа да го пресретнат царот Саул со песни, игри и радосни извици, со тимпани и кимвали.
7. И жените, што играа и пееја, говореа: Саул победи иљади, а Давид - десетици иљади!"
8. Тогаш Саул многу се огорчи, непријатни му беа тие зборови, па рече: "На Давида му дадоа десетици иљади, а мене - иљади; му недостига само царство."
9. И од тој ден Саул гледаше на Давида подозриво.
10. И се случи на другиот ден, лошиот дух од Бога го нападна Саула, и тој беснееше во куката своја, а Давид свиреше со раката по струните, како и во другите денови; Саул држеше во раката копје.
11. И го фрли Саул копјето, помислувајки си: ке го приковам Давида за sидот; но Давид двапати се истргна од него.
12. И Саул почна да се плаши од Давида, зашто Господ беше со него, а од Саула отстапи.
13. И Саул го истави од себеси и го постави за свој иљаданачалник, и тој излегуваше и влегуваше пред народот.
14. Во сите работи Давид постапуваше разумно и Господ беше со него.
15. И Саул виде дека е тој многу разумен, и се плашеше од него.
16. А целиот Израил и Јуда го сакаа Давида, зашто тој излегуваше и влегуваше пред нив.
17. Саул му рече на Давида: "Ете, поголемата ми керка Мерова ке ти ја дадам за жена, само биди ми јунак и води ги војните Господови." Зашто Саул си мислеше: нека не биде мојата рака врз него, туку раката на Филистејците нека биде врз него.
18. Но Давид му рече на Саула: "Кој сум јас, и каков е животот мој и родот на татко ми во Израилот, та да станам царски зет?"
19. И кога дојде време Сауловата кека Мерова да се омажи за Давида, му ја дадоа за жена на Адриел од Мехола.
20. Но Давида го беше засакала другата Саулова керка, Мелхола, и кога му соопштија на Саула за тоа, му стана пријатно.
21. Саул си мислеше: "Kе ја омажам за него, и таа ке му биде стапица, и раката на Филистејците ке биде врз него." И му рече Саул на Давида: "Денес ке се сродиш со мене преку другата."
22. Тогаш Саул им запведа на слугите свои, велејки: "Кажете му тајно на Давида: - ете, царот е благонаклонет кон тебе, и сите слуги негови те сакаат; затоа стани му зет на царот."
23. И слугите Саулови ги предадоа во ушите на Давида сите тие зборови. А Давид рече: "Зар ви се чини дека е лесно да бидеш зет на царот? Јас сум човек беден и мал."
24. И му соопштија на Саула слугите негови и рекоа: "Еве, што рече Давид."
25. Тогаш Саул рече: "Вака кажете му на Давида: царот не сака мираз, туку само сто филистејски обрезоци за одмазда на царевите непријатели." Зашто Саул беше на мисла да го погуби Давида со рацете на Филистејците.
26. Слугите му ги соопштија на Давида тие зборови и на Давида му се свиде да му стане зет на царот.
27. Уште не беа изминале определините денови, Давид стана, тргна тој и лу ето со него, и изби двесте души Филистејци; па ги донесе Давид нивните обрезоци, и му ги предаде на царот во полн број, за да стане зет царев. И Саул му ја даде за жена керка си Мелхола.
28. Саул виде и дозна дека е Господ со Давида и дека сиот Израил го сака, а и дека Мелхола, Сауловата керка, го сака Давида.
29. И Саул почна уште повеке да се плаши од Давида и стана негов непријател во целиот живот.
30. А кога филистејските војводи излегоа во војна, Давид уште од самото излегување нивно дејствуваше поразумно од сите Саулови слуги, и многу се прослави името негово.

  1Samuel (18/31)