1Samuel (17/31)  

1. Филистејците ги собраа војските свои за војна, се сместија во Сокхот, кој е во Јудаја, и се улогорија ме у Сокхот и Азик, во Ефес-Дамим.
2. А Саул и Израилците се собраа и се улогорија во дабовата долина и се подготвија за војна против Филистејците.
3. И застанаа Филистејците од едната страна на планината, и Израилците од другата страна на планината, а ме у нив беше долината.
4. А од Филистејскиот логор излезе маж силен, по име Голијат, од Гет; со раст од шест лакти и педа.
5. На главата имаше бакарен шлем; а беше облечен во лушпест околоп, и оклопот тежеше пет иљади сикли бакар;
6. на нозете имаше бакарни ногавици до над колената и на плеките свои - бакарен штит;
7. дршката на копјето негово беше како ткаечко кросно, а самото копје - беше од шестотини сикли железо, пред него одеше оруженосец.
8. И застана тој и викна кон Израилските војски, велејки им: "Зошто сте излегле да војувате? Не ли сум јас Филистеец, а вие робови Саулови? Изберете си еден човек и нека слезе при мене;
9. ако тој може да се бие со мене и ме убие, ние ке ви бидеме робови; ако, пак, јас го победам и го убијам, бие ке ни бидете робови и ке ни служите."
10. Рече уште Филистеецот: "Денес ке ја засрамам војската Израилева; дајте ми човек, и ние двајца ке се биеме."
11. И Саул и сите Израилци кога ги слушнаа тие зборови од Филистеецот, многу се уплашија и ужасија.
12. Давид беше син на Ефратецот од Витлеем Јудин, по име Јесеј, кој имаше осум синови; во дните на Саула тој човек достигна старост и беше најстар ме у мажите.
13. Тројцата поголеми Јесеови синови отидоа со Саула во војна; имињата на тројцата синови, што отидоа во војна, беа: најголемито се викаше Елијав, вториот по него - Аминадав, и третиот - Сама;
14. Давид, пак, беше најмал. Тројцата поголеми отидоа со Саула,
15. а Давид се беше вратил од Саула, за да ги пасе овците на таткото свој во Витлеем.
16. Оној Филистеец излегуваше наутро и се покажуваше четириесет дена.
17. И Есеј му рече на синот свој Давида: "Земи за брката свои ефа печено жито и овие десет лебови и однеси ги што поскоро во логорот кај браката твои;
18. а овие десет пити сирење однеси му ги на иљаданачалникот и распрашај се за здравјето на браката твои и дознај за потребите нивни."
19. Саул и сите тие Израилци се нао аа во дабовата долина и се готвеа за борба со Филистејците.
20. Давид изутрината стана рано, ги остави овците на чувар, и откако го зеде товарот, тргна, како што му беше заповедал Јесеј; и дојде при комората, кога војската беше наредена и со извици се готвеше за борба.
21. Тогаш Израилците и Филистејците се распоредија војска спроти војска.
22. Давид го остави товарот кај чуварот на комората и потрча кон редовите, дојде и ги запраша браката свои за здравје.
23. И ете, кога тој разговараше со нив, силниот човек, кому му беше името Голијат, Филистеец од Гет, излегуваше од филистејските редови и ги кажуваше истите оние зборови и Давид ги чу.
24. И сите Израилци, откако ке го видеа тој човек, бегаа од него и многу се плашеа.
25. Израилците велеа: "Го гледате ли оној човек, што излегува? Тој излегува, за да го навредува Израилот; а кога би го убил некој, царот би го наградил со големо богатство, и би му ја дал керката своја за жена, а домот на татко му би му го направил слободен во Израилот.
26. И Давид им рече на оние, што стоеја со него: "Што ке му направат на оној, што ке го убие оној Филистеец и го симне срамот од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан Филистеец, што ја навредува војската на живиот Бог?"
27. И тие му ги рекоа истите зборови, додавајки: "Ете, тоа ке му направат на оној човек, што ке го убие."
28. Елијав, најголемиот брат на Давида, чу што говореше тој со лу ето, и му се налути Елијав на Давида, па му рече: "Зошто си дошол тука и на кого им ги остави оние малку овци во пустињата? Го знам јас твоето кревање на големо и твоето лошо срце; ти се дошол да ја гледаш борбата."
29. А Давид рече: "Па што сум направил? Не ли се тоа само зборови?"
30. Па се сврте од него кон друг и ги говореше истите зборови, а лу ато му одговараа како и порано.
31. Се слушнаа зборовите, што Давид ги говореше, и му ги соопштија на Саула, и тој повика.
32. И му рече Давид на Саула: "Никој нека не па а со духот пред овој; твојот роб ке отиде и ке се бори против тој Филистеец.
33. А Саул му рече на Давида: "Не можеш да одиш против Филистеецот, да се бориш против него, зашто ти се уште момче, а тој е војник уште од младини."
34. Тогаш Давид му рече на Саула: "Твојот слуга ги пасеше татковите си овци, и кога се случуваше да дојде лав, или мечка, и ке одвлечеше овца од стадото,
35. јас се спуштав по нив, ги напа ав и им ја одземав од устата нивна; ако, пак, тие се нафрлеа врз мене, јас ги факав за гривата, ги удирав и ги убивав;
36. лав и мечка убивал твојот слуга; а и со овој необрезан Филистеец ке стане истото, како со нив, бидејки ја навредува војската на живиот Бог. Не бива ли да одам и да го победам, за да ги снема навредите од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан?"
37. Давид рече уште: "Господ, Кој ме спасуваше од лавот и мечката, ке ме спаси и од рацете на овој Филистеец."
38. Саул го облече Давида со облеката своја, му стави на главата бакарен шлем, и му надена железна облека.
39. Давид го опаша мечот негов врз облеката и се обиде да оди, бидејки никогаш не одел со такво вооружување. И Давид му рече на Саула: "Не можам да одам со ова, не сум навикнат." И го симна Давид сето тоа од себеси.
40. Па го зеде в рака стапот свој, си одбра пет мазни камчиња од потокот, ги стави во овчарската торбичка, што беше со него; и со торбичката и пракката во раката излезе против Филистеецот.
41. Излезе и Филистеецот, одејки и приближувајки се кон Давида, и пред него му одеше оруженосецот.
42. Погледна Филистеецот и, откако го виде Давида, со презир го изгледа, бидејки беше млад, рус и убав.
43. Филистеецот му рече на Давида: "Зошто си тргнал против мене со стап и со камења? Да не сум куче?" Давид му одговори: "Не, туку подолен од куче." Филистеецот го проколна Давида со боговите свои.
44. И Филистеецот му рече на Давида: "Приближи се до мене, и ке им го дадам телото твое на птиците небески и на sверовите полски."
45. Давид му одговори на Филистеецот: "Ти одиш против мене со меч, копје и штит, јас, пак, одам против тебе во името на Господа Саваота, Бог на Израилевата војска, која ти ја навредуваш;
46. сега ке те предаде Господ во раката моја, и јас ке те убијам, ке ја симнам од тебе главата твоја, и ке им го дадам твојот труп и труповите на филистејската војака на птиците небески и sверовите земни, и целата земја ке дознае, оти има Бог во Израилот;
47. и сите овие лу е ке разберат дека не со меч и копје спасува Господ, зашто тоа е војна на Господа, и Он ке ве предаде во рацете наши."
48. Кога Филистеецот се исправи и почна да пристапува и да се приближува кон Давида, Давид брзо се стрча кон местото на борбата против Филистеецот,
49. и бркна со раката во торбата, извади оттаму еден камен и фрли до пракката, та го удри Филистеецот в чело, така што каменот се заби во челото негово, и тој падна ничкум на земјата.
50. Така со пракка и камен го победи Давид Филистеецот; го удри Филистеецот и го уби; а Давид немаше меч во рацете.
51. Тогаш Давид се стрча и, откако стапна врз Филистеецот, зеде та го извлече мечот негов од корицата, го удри и ја пресече со него главата негова. Филистејците, кога видоа дека нивниот јунак умре, почнааа да бегаат.
52. И се кренаа мажите израилски и јудејски, викнаа и ги гонеа Филистејците до влезот во долината и до портите на Акарон. И убиваните Филистејци па аа по Шааримскиот пат до Гет и до Акарон.
53. Откако ги прогонија Филистејците, Израилевите синови се вратија и го разграбија логорот нивни.
54. Давид ја зеде главата на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а оружјето го стави во шаторот свој.
55. Кога Саул го беше видел Давида како излегува против Филистеецот, тогаш го запраша Авенир, началникот на војската: "Авенире, чиј син е тоа момче?" Авенир му одговори: "Да ти е жива душата, царе, не знам."
56. И царот тогаш рече: "Ја прашај, чиј син е тоа момче?"
57. А кога ДАвид се вракаше, откако го уби Филистеецот, Авенир го зеде и го доведе при Саула, и главата на Филистеецот беше во раката негова.
58. И Саул го запраша: "Чиј син си, момче?" Давид одговори: "Син на твојот слуга Јесеј од Витлеем."

  1Samuel (17/31)