1Samuel (14/31)  

1. Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот слуга оруженосец: "Дојди да минеме кон филистејската стража, од онаа страна." А на татка си тој не му кажа за тоа.
2. Саул, пак, се нао аше крај Гава, под калинковото дрво, кое е во Магдон; со него беа до шестотини души народ.
3. и Ахија, синот Ахитов, брат на Јохаведа, син на Финеса, син Илиин, свештеник Господов во Силом, кој носеше ефод. А народот не знаеше, дека Јоната заминал.
4. Ме у премините, низ кои Јонатан сакаше да се пробие до филистејската стража, имаше остра карпа од едната страна и остра карпа од другата: едната ја нарекуваа Васес, а другата - Сена;
5. едната карпа се издигаше од север кон Махмас, другата - од југ кон Гава.
6. И му рече Јонатан на својот слуга оруженосецот: "Дојди да преминаме кон стражата на необрезаните; можеби, Господ ке ни помогне, бидејки за Господа не е тешко да спаси преку мнозина или малкумина."
7. И оруженосецот одговори: "Веши се што ти е по срцето; ете, јас сум со тебе, оди, каде што сакаш."
8. Јонатан рече: "Еве, ке преминеме кон оние лу е и ке застанеме кон оние лу е и ке застанеме да не видат;
9. ако ни речат: - застанете, додека да дојдеме до вас, - ние ке застанеме на местата свои и нема да излеземе при нив;
10. ако, пак, кажат: - дојдете при нас, - ние ке излеземе, зашто Господ ги предал во рацете наши; и тоа ке биде знак за нас."
11. Кога и двајцата застанаа, за да ги види филистејската стража, Филистејците рекоа: "Ете, Евреите ислгуваат од проломите, во кои се беа испосокриле."
12. И извика стражата кон Јонатана и оруженосецот негов, велејки: "Дојдете кај нас, и ние ке ви кажеме нешто." Тогаш Јонатан му рече на оруженосецот: "Оди по мене, зашто Господ ги предава во рацете на Израилот."
13. Тогаш Јонатан почна да се качува со раце и нозе, а оруженосецот негов по него. И Филистејците па аа пред Јонатана, а оруженосецот ги доубиваше по него.
14. И во тој прв пораз, нанесен од Јонатана и оруженосецот негов, паднаа до дваесет души, врз половина од нива, обраборувана од два вола во еден ден.
15. Па настана ужас во логорот на полето и во сиот народ: стражата и оние што ја опустошија земјата, многу се уплашија, и не сакаа да се бијат; се затресе целата земја, и настана голем ужас од Господа.
16. И Сауловата стража во Гава Венијаминова виде, дека народот се распрснува и трча наваму-натаму.
17. И Саул му рече на народот, што беше со него: "Погледајте и дознајте, кои од нашите се излезени." И прегледаа, а тоа, го нема Јонатан и оруженосецот негов.
18. И Саул му рече на Ахија: "Донеси го ковчегот Божји," - зашто во тоа време ковчегот Божји беше со синовите Израилеви.
19. Саул уште му говореше на свештеникот, додека збрката во филистејскиот логор се повеше и повеке се зглемуваше. Тогаш Саул му рече на свештеникот: "Собери ги рацете свои!"
20. Извика Саул и сиот народ, што беше со него, и дојдоа до местото на битката, и ете, таму мечот на секого беше насочен против ближниот негов; смут имаше многу голем.
21. Тогаш и Евреите, кои вчера и завчера беа со Филистејците и кои заедно одеа со нив во логорот, се присоединија кон Израилците што беа со Саула и Јонатана;
22. и сите Израилци, што се криеја во Ефремовата гора, откако слушнаа, дека Филистејците избегале и тие се присоединија кон своите во битката.
23. Тој ден Господ го спаси Израилот; а битката се прошири дури до Вамот. Сите мажи со Саула беа до десет иљади, и битката се прошири по целиот град на Ефремовата гора.
24. Израилевите мажи беа изморени тој ден; а Саул, не размислувајки многу, го заколна народот, велејки: "Проклет да е оној, што ке вкуси леб до вечерва, додека не им се одмаздам на моите непријатели!" И никој од народот не вкуси храна.
25. И сиот народ отиде во гората, а таму на лединката имаше мед.
26. И народот излезе во гората, велејки: "Еве, тече мед." Но никој не ја доближи раката кон устата своја, бидејки народот се плашеше од клетвата.
27. Јонатан, пак, не чу, кога тако му го заколнуваше народот, и отакако го протегна крајот на стапот, што беше во раката негова, ја буцна медената пита и ја сврти со раката кон устата своја и очите му светнаа.
28. А еден од народот му рече, велејки: "Татко ти го заколна народот, и рече: - ‘Проклет да е оној, што денес ке вкуси храна; од тоа народот изнемоште.‘"
29. Но Јонатан рече: "Татко ми ја смути земјата; гледате, како ми светнаа очите, штом вкусив малку од медов;
30. ако, пак, народот денес си каснеше од грабежов, што го најде кај непријателите свои, немаше ли поразот на Филистејците да биде поголем?"
31. И Израилците ги разбија Филистејците оној ден од Махмас до Ајалон, и народот многу беше изморен.
32. Тогаш народот се нафрли на пленот, и земаа овци, волови и телиња, и ги колеа наземи, и народот јадеше заедно со крвта.
33. Му јавија на Саула, велејки: "Ете, народот греши пред Господа, јаде со крвта." И рече Саул: "Вие згрешивте: донесете сега при мене еден голем камен."
34. Потоа Саул рече: "Одете ме у народот и речете му: секој нека го дотера при мене волот свој и секој - овцата своја, и колете тука и јадете, и не грешете пред Господа, не јадете со крвта." И сите од народот дотеруваа, секој со своја рака, волот свој и овцата своја през нокта и колеа таму.
35. Тогаш Саул му изгради жртвеник на Господа: тоа беше жртвеникот на Господа подигнат од него.
36. И Саул рече: "Да ги подгониме Филистејците оваа нок и да ги ограбиме до разденување и да не оставиме ниту еден од нив." И рекоа: "Прави се, што сметаш дека е добро." А свештеникот рече: "Да пристапиме овде кон Бога."
37. Саул го запраша Бога: "Да ги подгонам ли Филистејците? Kе ги предадеш ли во рацете на Израилот?" Но Он не му одговори тој ден.
38. Тогаш Саул рече: "Нека се приближат овде сите началници народни, да распрашаат и дознаат, врз кого е денес гревот?"
39. Зашто, - жив ми Господа, Кој го спаси Израилот - ако биде и врз синот мој Јонатан, и тој нека умре бездруго." Но никој од сиот народ не му одговори.
40. Тогаш Саул им рече на сите Израилци: "Застанете вие на едната страна, а јас и син ми Јонатан ке застанеме на другата страна." А народот му одговори на Саула: "Прави го она што мислиш дека е добро."
41. И рече Саул: "Господи, Боже Израилев! Зошто сега не му одговори на Твојот слуга? Во мене ли е вината за тоа, или кај син ми Јонатан? Господи, Боже Израилев, дај знак. Ако е вината кај твојот народ Израил, изобличи го." Изобличените беа со жреб Јонатан и Саул, а народот излезе прав.
42. Тогаш Саул рече: "Фрлете жреб ме у мене и ме у синот мој Јонатан и кого Господ ке го посочи, тој да умре." И народот му рече на Саула: "Нека не биде така!" Но Саул настојуваше. И фрлија жреб ме у него и синот негов Јонатан, и жребот падна врз Јонатана.
43. И Саул му рече на Јонатана: "Кажи ми, што си направил?" И Јонатан му раскажа, велејки: "Вкусив со стапот, што е во раката моја, малку мед; и ете, јас треба да умрам."
44. И Саул рече: "Нека ми направи Господ и тоа и тоа, и уште повеке да направи; ти, Јонатане, денес треба да умреш.
45. Но народот му рече на Саула: "Јонатан ли да умре, кој изврши такво големо спасение на Израилот? Тоа нема да биде! Нека е жив Господ, ни влакно нема да падне од главата негова на земјата, зашто денес тој дејствуваше со Бога." И народот го ослободи Јонатана, и тој не умре.
46. Тогаш Саул не отиде да ги гони Филистејците; и Филистејците се вратија во земјата своја.
47. Саул го зацврсти царувањето свое над Израилот, и војуваше против сите свои околни непријатели, со Моав и со Амонците и со Едом, и со Ветор, и со царевите на Сова, и со Филистејците, а против кого и да се свртеше, по ред имаше успех.
48. Тој ја среди војската, го разби Амалик и го ослобори Израил од рацете на оние што го грабеа.
49. Саулови синови беа: Јонатан, Јесуј и Мелхисуј; а двете керки негови се викаа: поголемата - Мерова, а помалата - Мелхола.
50. А Сауловата жена се викаше Ахиноам, керка на Ахимас; началникот на војската негова се викаше Авенир, син на Нир, стрикото Саулов.
51. Кис, Сауловиот татко, и Нир, Авенировиот татко, син на Јамина, беа синови Авилови.
52. И за сето Саулово време се водеше упорна борба против Филистејците. И кога Саул ке видеше некој човек силен и јунак, го земаше кај себеси.

  1Samuel (14/31)