1Samuel (10/31)  

1. И зеде Самуил сад со елеј, го излеа врз главата негова, го бакна и рече: "Еве, Господ те помаза за цар на Своето наследство во Израилот и ти ке царуваш над народот Господов и ке ги избавиш од рацете на околните непријатели нивни, и ете ти знак, дека Господ те помазал за цар на Своето наследство.
2. И, кога ке тргнеш сега од мене, ке сретнеш двајца лу е близу до Рахилиниот гроб, во Венијаминовите предели, во Силом, во Вакалат и тие со радост ке ти кажат: "Се најдоа ослиците, што одеше да ги бараш, и ете, татко ти, заборавајки ги ослиците, се обеспокои за вас, велејки: ‘Што стана со синот мој?‘
3. Откако ке отидеш понатаму и ке дојдеш при Таворската дубрава, и таму ке те сретнат тројца лу е, кои одат кај Бога во Ветил: едниот носи три јариња, другиот носи три леба, а третиот носи мев со вино.
4. И тие ке те поздрават и ке ти ги дадат двата леба, и ти ке ги земеш од рацете нивни.
5. Потоа ке дојдеш на Божјиот рид, каде што е филистејската страна, таму се филистејските началници; и кога ке влезеш таму во градот, ке сретнеш група пророци, кои слегуваат од ридот, и пред нив псалтир и тимпани, свирки и гусли, и ке пророкуваат;
6. и Духот Господов ке слезе врз тебе, и ти ке пророкуваш заедно со нив и ке станеш друг човек.
7. Кога тој знак ке се случи со тебе, тогаш прави она што може раката твоја, зашто со тебе е Бог.
8. Оди пред мене во Галгал, каде што и јас ке дојдам при тебе, за да принесам жрва сепаленица и жртви за благодарност. Седум дена чекај, додека да дојдам кај тебе, и тогаш ке ти кажам што да правиш."
9. И штом Саул се сврте, за да си оди од Самуила, Бог му даде друго срце, и сите оние знаци се збиднаа во истиот ден.
10. Кога дојде до ридот, ете кај ги сретнува друпа пророци, и Духот Божји слезе врз него, и тој пророкуваше ме у нив.
11. Сите, што го познаваа вчера и завчера, откако видоа, дека тој пророкува со пророците, си велеа еден на друг: "Што се случило со Кисовиот син? Зар и Саул е ме у пророците?"
12. И еден од оние, што беа таму, одговори и рече: "Па кој е нивниот татко?" Затоа излезе поговорка: ‘Зар и Саул е ме у пророците?‘
13. И тој престана да пророкува и отиде на ридот.
14. А Сауловиот чичко го праша него и слугата негов: "Каде одевте?" Тој одговори: "Па ги баравме ослиците, но, откако видовме, дека ги нема, навративме кај Самуила."
15. И Сауловиот чичко рече: "Раскажи ми, што ви рече Самуил."
16. И Саул ми кажа на чичка си: "Тој ни јави, дека ослиците се најдени." А она, што Самуил му го кажа за царството, не му го кажа.
17. И Самуил го свика народот при Господа во Масифа,
18. и им рече на синовите Израилеви: "Така говореше Господ, Бог Израилев: ‘Јас го изведов Израилот од Египет и ве спасив од рацете на Египтјаните, од рацете на сите царства, што ве притискаа.‘
19. А вие сега го отфрливте вашиот Бог, Кој ве спаси од сите ваши маки и таги, и Му рековте: -постави ни цар. И така, застанавте сега пред Гсопода според знамињата ваши и племињата свои и според иљадниците свои!"
20. И заповеда Самуил да минуваа сите племиња Израилеви, и со жреб беше посочено Венијаминовото племе.
21. И му заповеда на Венијаминовото племе да минува според домовите нивни, и беше посочено Матриевото племе; и го доведуваа Матриевото племе според мажите, и беше посочен Саул, Кисовиот син; и го бараа, но не го најдоа.
22. И пак го запрашаа Господа: "Kе дојде ли тој човек тука?" И Господ одговори: "Ете, тој се крие во покривките."
23. Го најдоа таму и го извадија оттаму; тој застана среде народот: а од рамениците свои угоре беше повисок од сите.
24. И Самуил му рече на сиот народ: "Гледате ли, кого го избра Господ? Како него нема ме у сиот народ." Тогаш сиот народ извика и рече: "Нека живее царот!"
25. И Самуил му ги изложи на народот правата на царството (царувањето), ги напиша во книга, и ја стави пред Господа. И го распушти сиот народ, секој во домот свој.
26. Исто така и Саул си отиде дома, во Гава; а со него отидоа и храбрите, до чие срце се беше допрел Бог.
27. А лошите лу е рекоа: "Та тој ли ке не спаси?" И го презреа и не му принесоа дарови.

  1Samuel (10/31)