1Kings (8/22)  

1. Тогаш Соломон ги повика кон себе во Ерусалим старешините Израилеви и сите кнезови на племињата, родоначалниците на синовите Израилеви, за да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, од Сион - во храмот.
2. Е се собраа на празникот при царот Соломон сите Израилци во месецот Атаним, кој е седмиот месец.
3. Дојдоа сите старешини Израилеви; и свештениците го кренаа ковчегот
4. и го понесоа Ковчегот Господов и скинијата на сведоштвото и сите свештени предмети, што беа во скинијата; а ги носеа свештениците и Левитите.
5. А цар Соломон и со него целиот израилски собор, што се беше собрал при него, одеа пред Ковчегот, принесувајки жртви од ситен и крупен добиток, кој не беше можно да се изброи и пресмета и поради мноштвото негово.
6. Свештениците го внесоа Ковчегот на заветот Господов на местото негово, во внатрешноста на храмот, во Свјатаја Свјатих, под криљата на херувимите.
7. Зашто херувимите ги ширеа криљата над местото на Ковчегот, и херувимите го покриваа одзгора Ковчегот и лостовите негови.
8. Лостовите се подаваа така, што главичките нивни се гледаа во светилиштето, но не излегуваа надвор; тие се таму и до денес.
9. Во ковчегот намаше ништо, освен двете камени плочи, кои Мојсеј ги беше положил внатре во Хорив, кога Господ склучи завет со синовите Израилеви, откако беа излезени од Египетската земја.
10. Кога свештениците излегоа од светилиштето, облак го исполни домот Господов.
11. И свештениците не можеа да стојат на службата поради облакот, бидејки светлината Господова го исполни храмот Господов.
12. Тогаш Соломон рече Господ благоволи да живее во магла:
13. "Ти изградив храм Тебе за живеалиште, место, каде што ке престојуваш засекогаш."
14. И царот се сврти со лицето свое, и го благослови целото собрание на Израилците, а целото собрание на Израилците стоеше. -
15. Тогаш рече: "Нека е благословен Господ, Бог Израилев, Кој со устата Своја му рече на татка ми Давида, и реченото денес го исполни со раката Своја! Он беше рекол:
16. ‘Од оној ден, кога ги изведов Мојот народ Израилот од Египет, Јас не одбрав град ме у племињата Израилеви, за да се изгради дом, каде што ке остане засекогаш името Мое; го избрав Давида, тој да биде над Мојот народ Израилот.‘
17. Тако ми Давид намисли да изгради храм во името на Господа, Бога Израилев;
18. но Господ му рече на татка ми Давида: ‘ти си намислил да изградиш храм на името Мое; добро е дека ти е тоа на срцето;
19. ме утоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, кој излегол од бедрата твои, - тој ке изгради храм на името Мое.
20. И Господ го исполни словото Свое, што беше го изрекол; јас се издигнав на местото на таткото мој Давида, и седнав на престолот Израилев, како што рече Господ, и изградив храм во чест на името Господово, Бога Израилев;
21. и подготвив таму место за ковчегот, во кој е заветот на Господа, што го беше склучил со нашите татковци, кога ги изведе од Египетската земја."
22. Тогаш застана Соломон пред жртвеникот Господов, пред целото собрание на Израилците, ги крена рацете кон небото
23. и рече: "Господи, Боже Израилев! Нема Бог како Тебе ниту на небото горе, ниту на земјата долу; ти го пазиш заветот и милоста кон слугите Свои, кои одат пред Тебе од се срце.
24. Ти го исполни на Својот слуга Давида, мојот татко, она, што му го беше ветил; она што го беше изрекол со устата Своја, денес го изврши со раката Своја.
25. И сега, Господи, Боже Израилев, исполни го на Својот слуга Давид, мојот татко, она што му го беше говорел, велејки: ‘Пред лицето мое нема да престане да излегува од тебе маж, кој седи на Израилевиот престол; доволно е само синовите твои да се држат за патот свој, одејки пред Мене така, како што ти одеше пред Мене.‘
26. И сега, Боже Израилев, нека биде верно словото Твое, што си му го рекол на Својот слуга Давида, мојот татко!
27. Но зар Бог ке сака да живее на земјата! Небото и небото на небесата не Те собираат, а уште помалку овој храм, што сум го изградил јас на Твоето име;
28. но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го повикот и молитвата со која Твојот слуга Те моли денес.
29. Да бидет очите Твои отворени кон тој храм дење и ноке, кон ова место, за кое си рекол: името Мое ке биде таму; чуј ја молитвата, со која ке се моли Твојот слуга на тоа место.
30. Чуј ја молбата на Твојот слуга и на Твојот народ Израилот, кога тие ке се молат на ова место; чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се.
31. Кога некој ке згреши против ближниот свој, и ке побара од него клетва, за да се заколне, и заради клетвата ке дојдат пред Твојот жртвеник во овој храм,
32. тогаш чуј од небото и изврши суд над Своите слуги, обвини го виновниот, стоварувајки му ја врз главата негова постапката негова, и оправдај го правиот, давајки му според правдата негова.
33. Кога Твојот народ Израилот ке биде поразен од непријателите, поради тоа што згрешил пред Тебе, и кога тие ке се обрнат кон Тебе и ке го исповедаат името Твое и Те бараат и Те молат во овој храм, -
34. чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израилот, и врати ги во земјата, што си им ја дал на татковците нивни.
35. Кога ке се заклучи небото и ке нема дожд, поради тоа што ке згрешат пред Тебе, ке го исповедаат името Твое и се свртат од гревот свој, бидејки се ги смирил, -
36. чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израилски, покажувајки им го добриот пат, по кој да одат, и испрати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.
37. Глад ли ке настане по земјата, или помор, огнен ветар ли, гламја, скакулци, или гасеници, непријателот ли ке го притисне во земјата негова, некаква невоља ли ке се појави, или болест, -
38. при секоја молитва, при секоја молба што доа а од кој и да било човек од сиот Твој народ Израилски, кога ке почувствуваат болка во срцето свое и ке ги подадат рацете кон овој храм,
39. чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и смилувај се; направи и воздај секому според патиштата негови, како што го гледаш срцето негово, бидејки само Ти ги познаваш срцата на сите човечки синови:
40. за да се плашат од Тебе во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на татковците нивни.
41. Ако и некој другородец, кој не е од Твојот народ Израилот, дојде од далечна земја заради Твоето име, -
42. зашто ке чујат за Твоето големо име, за Твојата силна рака и за Твојата крената мишка, - дојде и се помоли во овој храм,
43. чуј од небото, од местото на Своето живеалиште, и направи се, за што другородецот Те повика, та сите земни народи да го знаат Твоето име, за да се бојат од Тебе, како Твојот народ Израилот, да знаат дека овој храм, што го изградив јас, е наречен на Твое име.
44. Кога Твојот народ излезе од војна против својот напријател по патот, по кој ке го испратиш, и му се помоли на Господа, обрнувајки се кон градот, што Ти си го избрал, и кон храмот, што го изградив на Твоето име,
45. тогаш чуј ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи го она, што им е потребно ним.
46. Кога ке згрешат пред Тебе, - зашто нема човек што да не греши, - и Ти ке им се разгневиш и ке ги предадеш на непријателите, и оние, што ги плениле, ги одведат во непријателска земја, далечна или блиска;
47. и кога во земјата, каде што ке бидат во пленство, дојдат на себеси и се обрнат кон Тебе и Ти се помолат во земјата на оние, што ги плениле, велејки: "Згрешивме, извршивме беззаконие, виновни сме;
48. и кога ке се обрнат кон Тебе од сето срце свое и од сета душа своја во земјата на непријателите, што ги плениле, и ти се помолат, обрнувајки се кон својата земја, што си им ја дал на татковците нивни, кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградиле на Твое име, -
49. тогаш чуј ја од небото, од местото на Твоето живеалиште, молитвата и молбата нивна, и направи што им е ним потребно;
50. и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе, и сите негови престапи, што ги извршил пред Тебе, и предизвикај сострадание кон нив кај оние, што ги плениле, та да бидат милостиви кон нив;
51. зашто тие се Твој народ, и Твој дел, што Ти го изведе од Египет, од железната печка.
52. Ушите Твои и очите Твои нека бидат отворени за молата на Твојот слуга и за молитвата на Твојот народ Израилски, за да ги чуваш секогаш, кога Те повикуваат,
53. зашто Ти си ги одделил за Свој дел ме у сите земни народи, како што си рекол преку Мојсеја, Твојот слуга, кога ги изведе татковците наши од Египет, Владико Господи!"
54. Откако Соломон ја заврши кон Господа целата оваа молитва и молба, па како што беше коленичел, стана од пред жртвеникот Господов, со рацете подигнати кон небото.
55. И, исправен, го благослови целото собрание на Израилците, велејки со висок глас:
56. "Нека е благословен Бог, Кој му даде спокојство на Својот народ Израилот, како што беше говорел! Не остана неисполнет ниеден збор од сите Негови добри зборови, што ги беше изрекол преку својот слуга Мојсеја;
57. нека биде со нас Господ, Бог наш, како што беше со татковците наши; да не не остава, и да не не напушта,
58. приклонувајки ги срцата наши кон Себеси, за да одиме по сите патишта Негови и да ги чуваме заповедите Негови и законите Негови, што им ги заповеда на татковците наши.
59. И овие зборови, со кои се молев пред Господа денес, нека бидат блиски до Господа, нашиот Бог, дење и ноке, за да го врши Он она што е нужно за Неговиот слуга и за Неговиот народ Израилот секој ден,
60. та да го познаат сите народи, дека Господа е Бог, и дека нема друг освен Него.
61. Срцето ваше нека биде наполно предадено на Господа, нашиот Бог, за да одите по наредбите Негови и да ги пазите заповедите Негови, како денес."
62. Тогаш царот и сите Израилци со него Му принесоа жртви на Господа.
63. Соломон закла за мирна жртва, што му ја принесе на Господа, дваесет и две иљади крупен добиток и сто дваесет иљади ситен добиток. Така царот и сите синови Израилеви му Го осветлија храмот на Господа.
64. Во истиот ден царот го освети средниот дел на дворот, кој е пред храмот Господов, принесувајки сепаленици и лебен принос и вознесувајки ја лојта од мирните жртви, бидејки борнзениот жртвеник, што е пред Господа, беше мал да ги собере сепалениците, лебниот принос и лојта од мирните жртви.
65. Така Соломон направи празник и сиот Израил со него - собор голем, кој се беше собрал од влезот во Емат до Египетската река, пред Господа, нашиот Бог; празнуваа и јадеа, и пиеја и се молеа пред Господа, нашиот Бог, во изградениот храм седум дена и уште седум дена, односно четиринаесет дена.
66. Во осмиот ден Соломон го распушти народот. Сите го благословија царот и си отидоа по шаторите свои, радувајки се и веселејки се во срцето свое за сето добро, што Господ му го направи на Својот слуга Давида и на Својот народ Израилот.

  1Kings (8/22)