1Kings (7/22)  

1. Потоа Соломон изгради свој дом, а го градеше тринаесет години, и наполно го заврши.
2. Тој го изгради домот свој од ливанско дрво: долг сто лакти, широк педесет лакти, а висок триесет лакти, на четири реда кедрови столбови; и кедрови греди беа положени врз столбовите.
3. Подот беше послан со кедар врз греди на четириесет и пет столба, по петнаесет во ред.
4. Прозорски столбови имаше три реда; имаше и три реда прозорци, прозорец спроти прозорец.
5. Сите врати и соби беа четириаголни, прозорец спроти прозорец во три реда.
6. Тој направи и трем од столбови, педесет лакти долг, триесет лакти широк, и пред нив - трем, столбови, и праг пред нив.
7. Уште направи и трем со престол, од кој тој судеше, трем за судилиште, и сите подови ги покри со кедар.
8. Во домот, каде што живееше, имаше друг двор зад тремот, исто така изграден. И во домот на фараоновата керка, која Соломон ја беше зел, направи исто така трем.
9. Сето тоа беше направено од скапи камења - делкани според размер, изрежани со трион однатре и однадвор, - од основата до покривот, и однадвор до големиот двор.
10. Во основата беа положени скапи камења, камења големи, камења од десет лакти;
11. и одозгора скапи камења, делкани според размер, и кедар.
12. Големиот двор беше ограден наоколу со три реда делкани камења и со еден ред кедрови греди; исто така и внатрешниот двор на храмот Господов и храмовиот трем.
13. Цар Соломон испрати да го доведат од Тир Хирама,
14. син на една вдовица од Нефталимовото племе. Татко му тирјанин, беше бронзоливец; тој беше способен и искусен, а умееше да прави секакви предмети од бранза. И тој дојде при цар Соломона и му правеше секакви работи:
15. тој изли два бронзени столба, секој висок по осумнаесет лакти, и врвот од дванаесет лакти го опфакаше пречникот на едниот и на другиот столб;
16. тој направи и две главички, излеани од бронза, за да ги стави врз столбовите; пет лакти висока едната главичка и пет лакти висока втората главичка;
17. направи мрежи плетени и врвови како вериги за главичките, што беа врз столбовите: седум за едната главичка и седум за другата главичка.
18. Така ги направи тој столбовите и два реда нарови околу мрежата, за да ги покрие главичките, што се при столбовите, истото го направи и за другата главичка.
19. А во тремот главичките при столбовите беа направени слично на крин, четири лакти;
20. и главичките врз двата столба одозгора беа такму над издадената работа, што беше до мрежата; и врз другата главичка во редови наоколу двесте нарови.
21. И ги постави столбовите на храмовиот трем; постави столб оддесно и му даде има Јахин; постави столб и одлево и го нарече Воас.
22. А над столбовите положи главички, направени слично на крин. Така заврши работата над столбовите.
23. Направи и излеано од бронза море - од едниот негов крај до другиот имаше десет лакти, - и сосема кружно, пет лакти високо; и венец од триесет лакти го опфакаше наоколу.
24. Под краиштата негови имаше од сите страни издадени работи како јаболка по десет на лакот; тие го опкружуваа морето од сите страни во два реда; издадените работи како јаболка беа излеани заедно со него.
25. Тоа стоеше на дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток; морето стоеше врз нив, а задната страна му беше свртена навнатре под него.
26. Тоа беше дебело една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша, прилегаа на процутен крин. Тоа собираше две иљади мери.
27. Тој направи и десет борнзени подножја; секое подножје беше долго четири лакти, широко - четири лакти, високо - три лакти.
28. Еве ја направата на подножјата: тие имаа страни, страни ме у аголните продолжетоци.
29. Врз страните, што беа ме у аголните продолжетоци, имаше обликувани лавови, волови и херувими; исто така и врз аголни продолжетоци; а над лавовите и воловите и под нив имаше висечки венци;
30. секое подножје имаше по четири бронзени тркала и бронзени оски. На четирите агли имаше испупчувања како раменици, излеани испупчувања, оддолу под мијалникот, до секој венец.
31. Отворот од внатрешниот венец до горе имаше еден лакот; отворот му беше кружен како подножјето на столбовите; лакот и половина, и при отворот негов - резби; но старните беа четириаголни - не кружни.
32. Под страните имаше четири тркала и оски на тркалата во подножјата; секое тркало беше високо лакот и половина.
33. Направата на тркалата беше исто таква, како тркалата на колите; оските нивни, оплатите нивни, спиците нивни и главичките нивни - се беше излеано.
34. Имаше четири испакнатини на четирите агли на секое подножје; од подножјата излегуваа испакнатините негови.
35. И врз подножјата имаше испакнатини, половина лакот високи, а над подножјата дршките нивни и sидовите им беа од иста материја.
36. Тој изваја и врз штичките на дршката нејзина и на sидовите нејзини херувими, лавови и палми, колку што дозволуваше местото, и наоколу - висечки венци.
37. Така направи тој десет подножја; сите еднакво излеани, еднаква мерка, еднаков изглед.
38. Направи и десет бронзени мијалници; секој мијалник собираше по четириесет мери; секој мијалник имаше четири лакти; секој мијалник стоеше на едно од десетте подножја.
39. Тој ги распореди подножјата - пет десно од храмот и пет лево од храмот, а морето го постави десно од храмот, на источната страна кон југ.
40. Хирам ги направи мијалниците, лопатките и машите. И ја сврши Хирам целата работа, што ја вршеше при цар Соломона за храмот Господов, односно:
41. два столба и два појаса на главичките, што се врз столбовите, и две мрежи за покривање на двата појаса на главичките, што се врз столбовите,
42. и четиристотини нарови на двете мрежи; два реда нарови на секоја мрежа за покривање на двата појаса над главичките, што се врз столбовите,
43. и десет подножја и десет мијалници на подножјата;
44. едно море и дванаесет вола под морето;
45. и котли, и лопатки, и чаши. Сите работи, што Хирам му ги направи на царот Соломона за храмот Господов, беа од измазнет бакар.
46. Царот ги излеа во глинена земја, во околината на Јордан, ме у Сохот и Сартан.
47. Соломон ги постави сите тие работи на местата нивни. Поради нивното извонредно множество тежината на бронзата не беше определена.
48. Соломон ги направи и сите предмети, што се во храмот Господов: златен жртвеник и златна трпеза, на која се ставаат лебовите на предложението:
49. светилници - пет оддесно и пет одлево, пред задното одделение на храмот, од чисто злато, цвекиња, кандилца и штипки од злато;
50. и чинии, и ножеви, и чаши, и подносиници и кадилници од чисто злато; резиња за вратите на внатрешноста од храм во Свјатаја Свјатих и за вратите во храмот, исто така од злато.
51. Така беше свршена сета работа, што ја изврши цар Соломон за храмот Господов. И го принесе Соломон посветеното од татко му Давида: среброто, златото и предметите ги предаде во ризницата на храмот Господов.

  1Kings (7/22)