1Kings (6/22)  

1. Во четиристотини и осумдесеттата година по излгувањето на Израилевите синови од Египетската земја, во четвртата година на Соломоновото царување над Израилот, во месец Зиф, кој е втор месец, Соломон почна да Му гради храм на Господа.
2. А храмот, што цар Соломон Му го изгради на Господа, беше долг шеесет лакти, широк - дваесет и висок - триесет лакти;
3. тремот пред храмот беше долг дваесет лакти, според ширината на храмот, и широк - десет лакти пред храмот
4. Во храмот тој направи прозорци, затворени со решетки.
5. И направи доградба околу sидовите на храмот, околу храмот и Свјатаја Свјатих; а направи и странични соби наоколу.
6. Долниот кат на зградата беше широк пет лакти, средниот широк - шест лакти, а третиот - широк седум лакти; зашто околу храмот надвор беа направени растојанија за доградба да не допираат до sидовите на храмот.
7. Кога се градеше храмот, за градење се употребуваа делкани камења, така што за време на градењето на храмот не се слушаша, ни чекан, ни тесла, ниту некакво друго железно орудие.
8. Вратата на средниот кат беше десно од храмот. По тркалезни скали се искачуваа на вториот кат а од вториот - на третиот.
9. Така го изгради тој храмот, го изгради и го обложи со кедрови штици.
10. и догради до целиот храм странични соби, високи пет лакти; тие беа прикрепени кон храмот со кедрови греди.
11. И би слово Господово кон Соломона, и му беше речено:
12. "Ете, ти градиш храм: ако одиш по Моите закони, ако постапуваш по Моите наредби и ако ги пазиш сите Мои заповеди, управувајки се според нив, Јас ке го исполнам врз тебе словото Свое, што му го бев кажал на татка ти Давида;
13. И ке живеам среде Израилевите синови и нема да го оставам Мојот народ Израилот."
14. И така, Соломон го изгради храмот и го заврши.
15. Ги обложи sидовите на храмот однатре со кедрови штици; од подот до потонот ти обложи однатре со дрво, а подот на храмот го покри со кипарисови штици.
16. а во задната страна на храмот на дваесет лакти од крајот, издигна sид и ги обложи sидовите и подот со кедрови штици, и направи простор за Свјатаја-Свајтих.
17. А храмот, само предниот дел на храмот, имаше четириесет лакти.
18. По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; се беше покриено со кедар, камен не се гледаше.
19. А внатре во храмот тој подготви оддел за да го постави таму ковчегот нз заветот Господов.
20. Одделот беше долг дваесет лакти, широк дваесет лакти, и висок дваесет лакти; тој го опкова со чисто злато; исто така го опкова и кедровиот жртвеник.
21. Одвнатре, Соломон го опкова храмот со чисто злато, и протегна златни вериги пред Свајтаја Свјатих, и ја опкова со злато.
22. Целиот храм тој го обложи со злато, целиот храм докрај, и целиот жртвеник, што е пред Свјатаја-Свјатих, го опкова со злато.
23. А во Свјатаја-Свјатих направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти
24. Едното крило на херувимот беше долго пет лакти и другото крило на херувимот - пет лакти; десет лакти имаше од едниот крај на криљата негови до другиот крај на криљата негови.
25. Десет лакти имаше и другиот херувим; еднаква мерка и еднаков облик имаа двата херувима.
26. Височината на едиот херувим беше десет лакти, исто така и на другиот херувим.
27. Тој ги постави херувимите среде внатрешниот дел на храмот. А криљата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот sид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот sид; другите нивни криља пак се срекаваа крило со крило среде храмот.
28. Тој ги обложи херувимите со злато.
29. И по сите sидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор.
30. И подот на храмот го опкова со злато во внатрешниот и предниот дел.
31. За влез во Свјатаја Свјатих тој направи врата од маслиново дрво со петоаглони спојки.
32. На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвекиња и ги обложи со злато; го покри со злато и херувимите и палмите.
33. И при влезот на храмот тој направи четириаголни столбови од маслиново дрво
34. и две врати од кипарисово дрво; двете половикни на едната врата беа подвижни, и двете половикни на другата врата исто така беа подвижни.
35. Издлаби по нив херувими, палми и расцутени цвекиња и ја обложи резбата со злато.
36. И внатрешниот трем го направи од три реда делкани камења и од еден ред кедрови греди.
37. На четвртата година, во месецот Зиф, вториот месец, тој ги беше положил основите на храмот Господов,
38. а на единаесеттата година, во месецот Вул, тоа е осмиот месец, - тој го заврши храмот со сите негови принадлежности и според сите негови преднацрти. Соломон го градеше храмот седум години.

  1Kings (6/22)