1Kings (5/22)  

1. Хирам, тирски цар, ги испрати слугите свои при Соломона, откако чу, дека го помазале за цар место татка му, зашто Хирам беше Давидов пријател во текот на целиот негов живот.
2. А и Соломон испрати да му кажат на Хирама:
3. "Ти знаеш, дека татко ми Давид на можеше да изгради дом на името Господово, својот Бог, поради војните со околните народи, додека Гсопод не го покори под нозете негови;
4. но сега Господ, мојот Бог, ми даде спокојство од сите страни: нема противник и нема веке стапици.
5. И, ете, јас имам намера да изградам дом на името Господово, мојот Бог, како што му беше рекол Господ на татка ми Давида, велејки: ‘Твојот син, кого што ке го поставам на твојот престол место тебе, ке изгради дом на Моето име.‘
6. Затоа, заповедај да ми насечат кедрово дрво од Ливан; и ете, моите слуги ке бидат заедно со твоите слуги, како ти што ке определиш, зашто знаеш, дека кај нас нема лу е, кои умеат да сечат дрва така, како Сидонците."
7. Кога Хирам ги чу зборовите од Соломона, многу се зарадува и рече: "Благословен нека е денес Господ, Кој му даде на Давида мудар син, за да управува со тој многуброен народ!"
8. И Хирам испрати при Соломона да кажат: "Го ислушав тоа, за кое беше си испратил до мене; ке ја исполнам твојата желба за кедровото дрво и кипарисовото:
9. слугите мои ке ги довлечкаат од Ливан до морето, и на сплавови ке ги дотераат по море до местото, што ке ми го определиш; таму ке ги растоварам, и ти ке ги земеш; но и ти исполни ја желбата моја, да доставуваш храна за мојот дом."
10. И Хирам му даваше на Соломона кедрово дрво и кипарисово дрво, според желбата негова.
11. А Соломон му даваше на Хирама дваесет иљади кои пченица за исхрана на неговиот дом и дваесет кори цедено маслиново масло, - толку Соломон му даваше на Хирама секоја година.
12. Господ му даде на Соломона мудрост, како што му беше ветил. И ме у Хирама и Соломона имаше мир, а склучија и сојуз ме у себе.
13. Цар Соломон наложи обврска врз сиот Израил; а обврската се состоеше од триесет иљади лу е.
14. Тој ги испракаше во Ливан, по десет иљади на месец, на смени; еден месец престојуваа во Ливан, а два месеци - по домовите свои. Адонирам, пак, беше нивни управник.
15. Соломон имаше уште седумдесет иљади пренесувачи на товари, и осумдесет иљади каменоделци во планините,
16. надвор од трите иљади и триста настојници, што Соломон ги беше поставил над работата, да го надгледуваат народот, што ги извршуваше работите.
17. И царот заповеда да донесуваат големи камења за основата на домот, камења делкани.
18. Ги делкаа, пак, Соломонови работници и Хирамови работници и Гевалци, и подготвуваа дрвја и камења за градење на домот три години.

  1Kings (5/22)