1Kings (4/22)  

1. Царот Соломон беше цар над сиот Израил.
2. И еве кои беа неговите кнезови: Азарија, син на свештеникот Садок;
3. Елихореф и Ахија, синови на Сива - писари; Јосафат, Ахилудов син - летописец;
4. Ванеја, Јодаевиот син, - војвода, Садок и Авијатар - свештеници;
5. Азарија, Натановиот син, - началник на управителите, и Завут, син на свештеникот Натан, - пријател на царот;
6. Ахисар, - управник на царскиот дом, а Адонирам, - син Авдин - на даноците.
7. Соломон имаше дванаесет управници над сиот Израил, кои му доставуваа храна на царот и на неговиот дом; секој беше должен да доставува храна за по еден месец во годината.
8. Еве ги имињата нивни: синот Уров - на Ефремовата гора;
9. синот на Декер - во Макас и во Салвим, во Ветсамис, во Елон и во Вет-Анан;
10. синот Седафоф - во Арувот; нему исто така му припа аше Сохот и целата земја Оферова;
11. синот на Аминадав - над целиот крај Дор; а Тафат, Соломоновата керка, беше негова жена;
12. Вана, Ахилудовиот син, во Тенах и Мегидон, и во целиот Вет-Сан кој е блузи до Сартан под Језраел, од Вет-Сан до Авел-Мехол, и дури зад Јок-Меам;
13. синот Геверов - во Рамот Галадски; нему му припа аа селата на Јаира, Манасиев син, кои се во Галад; нему му припа аше и областа Аргов, во Васан, шеесет големи градови со sидови и бакарни резиња;
14. Ахинадав, Идов син, во Маханаим;
15. Ахимас, во земјата Нефталимова; тој си ја беше земал за жена Васемата, Соломонова керка;
16. Вана, Хусев син, во земјата Асирова и во Алот;
17. Јосафат, Фаруев син, во земјата Исахарова;
18. Семеј, синот на Ила, во земјата Венијаминова;
19. Гевер, Уриев син, во земјата Галадска, во земјата на аморејскиот цар Сион, и на васанскиот цар Ог. Тој беше управник на таа земја.
20. Јудејците и Израил, бидејки многубројни како песокта при морето, јадеа, пиеја и се веселеа.
21. Соломон владееше со сите царства од реката Ефрат до Филистејската земја и до границата на Египет. Тие принесуваа дарови и му служеа на Соломона во сите дни на животот негов.
22. Секојдневната храна на Соломона беше: тиесет кори пченично брашно и шеесет кори друго брашно,
23. десет згоени волови и дваесет волови одбрани и сто овци, освен елени и срни, и диви кози и птици;
24. зашто тој господареше над целата земја од оваа страна на реката, од Тапса до Газа, над сите цареви од оваа страна на реката, и имаше мир со сите околни земји.
25. И живееја Јудејците и Израил спокојно, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Врисавија, преку сите Соломонови дни.
26. Соломон имаше четириесет иљади коњи за коли и дванаесет иљади за коњицата.
27. И управниците му доставуваа на цар Соломона се што требаше за царската трпеза, секој во својот месец, и не дозволуваа да има недостиг од ништо.
28. Исто така и јачмен, и слама за коњите и за маските доставуваше секој навремено во местото, каде што се нао аше царот.
29. А Бог му даде на Соломона мудрост, многу голем разум и широк ум како песокта на морскиот брег.
30. И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египтјаните.
31. Тој беше помудар од сите лу е, помудар и од Гетана Језраилецот и од Емана, и од Халкада и Дарда, Самадовиот син, и името негово се славеше по сите околни народи.
32. Тој изрече три иљади мудри изреки, а песните негови беа иљада и пет;
33. тој изговори и за дрвјата, од кедар, што е во Ливан, до исоп, што никнува по карпите; тој говореше и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите.
34. И од сите народи доа аа да ја чујат Соломоновата мудрост, и сите земни цареви, што беа слушале за неговата мудрост.

  1Kings (4/22)