1Kings (3/22)  

1. Кога се зацврсти царствово во рацете на Соломона, Соломон се сроди со Фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата керка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и sидовите околу Ерусалим.
2. Народот уште принесуваше жртви по обречените места, бидејки до она време не беше изграден дом на името Господово.
3. Соломот го возљуби Господа, одејки по наредбите на татка си Давида, но и тој принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата.
4. Затоа царот отиде во Гаваон, за да принесе таму жртва, бидејки таму беше главиот жртвеник. Иљада сепалениците принесе Соломон врз тој жртвеник.
5. Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноке во сон и му рече: "Барај што сакаш да ти дадам."
6. Соломон одговори и рече: "Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татка ми Давида; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и правдата и со искрено срце пред Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој ке седи на престолот негов, како што е тоа денес;
7. и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татка ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам ни да излегувам, ни да влегувам.
8. А Твојот слуга е среде Твојот народ, што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа.
9. Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце, за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?"
10. Угодно Му беше на Господа, што Соломон го побара тоа.
11. Господ му рече: "Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум, за да умееш да судиш, -
12. Јас ке направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе;
13. и она што не го побара, Јас ти го давам, - и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе ме у царевите во сите твои денови;
14. и ако одиш по Мојот пат, пазејки ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ке ги продолжам и твоите дни."
15. Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана пред жртвеникот при ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви благодарствени и богато ги нагости сите слуги свои.
16. Тогаш дојдоа при царот две жени блудници и се исправија пред него.
17. И едната жена рече: "О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една кука, и родив при неа во таа кука;
18. а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куката при нас немаше никој надворешен човек; само ние двете бевме во куката.
19. Преку нок умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него;
20. а таа преку нок станала, го зела мојот син од мене, кога јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради.
21. Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син, што го бев родила."
22. Другата жена рече: "Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот." А таа и велеше: "Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот." И се препираа така пред царот.
23. Царот тогаш рече: "Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрениот; а онаа говори: "Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот."
24. Потоа царот рече: "Дајте ми меч!" И му донесоа меч.
25. И тогаш царот рече: "Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата."
26. И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата нејзина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: "О, господаре мој! Дајте и го тоа дете живо и не го убивајте". А онаа другата рече: "Нека биде ни мое, ни твое, сечете го!"
27. И царот проговори и рече: "Дајте и го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка."
28. И сиот Израил чу за судот, како пресуди царот. И почнаа да се плашат од царот, зашто видоа дека има мудрост Божја во него, за да извршува суд.

  1Kings (3/22)