1Kings (21/22)  

1. По тие настани еве што се случи: Израелецот Навутеј имаше во Језраел лозје до дворецот на самарискиот цар Ахав.
2. Ахав му рече на Навутеја, велејки: "Дај ми го лозјето свое; тоа ке ми биде овоштарник, бидејки е близу до мојот дом, а место него ке ти дадам поубаво лозје од тоа, или, ако сакаш, ке ти дадам сребро, колку што чини тоа."
3. Но Навутеј му одговори на Ахава: "Да ме чува Гсопод да ти го дадам наследството од татковците свои."
4. Ахав се врати во домот свој возбуден и огорчен од зборовите, што му ги беше кажал Језреелецот Навутеј, велејки: зар да ти го дадам наследсвото од татковиците свои. Душевно збркан, легна на постелата своја, си го сврти лицето и не јадеше леб.
5. При него влезе жена му Јазавела и му рече: "Зошто си збркан со духот, па и леб не јадеш?"
6. Тој и одговори: "Кога му спомнав на Језреелецот Навутај и му реков: ‘дај ми го лозјето за сребро, или, ако сакаш, да ти дадам друго лозје место него‘, - тој ми одговори - не ти го давам лозјето свое, наследство од татковците мои."
7. Тогаш жена му Јазавела му рече: "Какво царство ке биде во Израилот, ако ти постапуваш така? Стани, јади леб и биде спокоен; јас ке го земам лозјето од Језреелецот Навутеј."
8. И таа напиша писма од името на Ахава, ги запечати со неговиот печат и ги испрати до старешините и големците што живееја со Навутеја, во градот негов.
9. Во писмата таа пишуваше вака: "Објавете пост и поставете го Навутеја пред народот;
10. и спроти него ставете двајца лоши лу е, што ке сведочат против него и да кажат: ‘Ти хулеше на Бога и на царот.‘ И потоа изведете го и убијте го со камења, та да умре."
11. Тогаш мажите на неговиот град, старешините и големците, што живееја во градот негов, направија како што им заповеда Јазавела, така, како што беше напишано во писмото, што го беше испратила до нив.
12. Објавија пост и го поставија Навутеја пред народот;
13. па излегоа двајца лоши лу е, седнаа спроти него и сведочеа против него пред народот и велеа: "Навутеј хули на Бога и на царот." Па го изведоа надвор од градот, го убија со камења, и тој умре.
14. Испратија да и кажат на Језавела: "Навутеј е убиен со камења и умре."
15. Кога чу, дека Навутеј е убиен со камења и умрел, Језавела му рече на Ахава: "Стани и завладеј со лозјето на Језреелецот Навутеја, кој не сакаше да ти го даде за сребро, бидејки Навутеја го нема ме у живите, тој умрел."
16. Кога чу, дека Језреелецот Навутеј бил убиен, Ахав ја раскина облеката своја, стави врекиште врз себе, а потоа стана и отиде во лозјето на Језреелецот Навутеј и го завладеа.
17. Тогаш би словото Господово кон Тесвитецот Илија:
18. "Стани и пресретни го израилскиот цар Ахава, кој е во Самарија, - ете, сега е во лозјето на Навутеја, каде што дошол да завладее, -
19. и кажи му: вака вели Господ: ‘ти си убил, и уште стапуваш во наследство!‘ И кажи му: "Вака вели Господ: ‘на она место, каде што кучињата ја лижеа Навутеевата крв, кучињата ке ја лижат и твојата крв.‘"
20. Ахав му рече на Илија: "Ти ме најде, мој непријателе!" Тој рече: "Те најдов, бидејки ти се оддаде да го вршиш она што е нугворно пред очите на Господа и да Го гневиш.
21. Вака вели Господ: ете, ке ти испратам казна, ке исчистам се по тебе и ке го истребам кај Ахава и она што мокри до sид, и што е затворено и изоставено во Израилот;
22. и ке постапам со твојот дом така, како што постапив со домот на Навутеевиот син Јеровоам и со домот на Ахиевиот син Васа, за наскрбувањето, со што ти ме раздразни и го наведе во грев Израилот."
23. И за Језавела Господ рече: "Кучињата ке ја изедат Језавела зад Језреелските sидови;
24. и кој од Ахавовиот дом ке умре во градот, него кучињата ке го изедат, а кој ке умре во полето, него птиците небески ке го исколваат;
25. уште немало таков како Ахава, што да се оддава да го врши она што е нугодно пред очите на Господа, за кое го советуваше жена му Језавела;
26. тој постапуваше многу гнасно, следејки ги идолите, како што правеа Аморејците, кои Господ, ги изгони од пред лицето на Израилевите синови."
27. Откако ги ислуша сите тие зборови, Ахав се умилкуваше пред Господа, одеше, и плачеше, ја раскина облеката своја, го покри телото свое со врекиште, постеше и спиеше во врекиште и одеше нажален.
28. И би слово Господово кон Илија Тесвитецот за Ахава. И Господ рече:
29. "Виде ли, како се смири Ахав пред Мене? Затоа што се смири пред Мене, Јас нема да му испратам зло во неговите дни, туку во дните на синот негов ке пратам зло врз неговиот дом."

  1Kings (21/22)