1Kings (20/22)  

1. Сирскиот цар, синот Адеров, ја собра сета војска своја, и со него имаше триесет и двајца цареви, и коњи и коли, и отиде, па ја опседна Самарија и војуваше против неа.
2. И испрати пратеници до Израилскиот цар Ахав во градот,
3. и му рече: "Вака вели сирискиот цар: твоето сребро и твоето злато се мои, и твоите жени и најдобрите твои синови се мои."
4. Израилскиот цар одговори и рече: "Нека биде според зборот твој, господару мој, царе; јас и се што е мое е твое."
5. Претениците повторно дојдоа и рекоа: "Вака вели Адад: испратив да ти кажат, дај ми го среброто свое и златото свое, жените свои и синовите свои.
6. Затоа, утре, во ова време, ке ги испратам при тебе слугите свои да ја пребараат твојата кука и куките на твоите слуги, и да го земат в раце и да го изнесат се што е скапо за очите твои."
7. Израилскиот цар ги повика сите старешини во земјата и рече: "Размислете и гледајте, па тој крои зло; кога испрати при мене за жените и синоивте мои, за среброто и златото мое, јас не му откажав."
8. И сите старешини и сиот народ му одговорија: "Не слушај и не се согласувај!"
9. Потоа тој им одговори на Ададовите пратеници: "Кажете му на мојот господар, царот: се, за кое ти испрати привиот пат по твојот слуга, готов сум да го направам, но ова не можам да го направам." Тогаш претениците си отидоа и му однесоа одговор.
10. И Адад испрати и му порача: "Нека ми направат тоа и тоа боговите и уште повеке да ми направат, ако самариската пепел биде доволна по еден грст за сите лу е што одат по мене."
11. Израилскиот цар одговори и рече: "Кажете му да не се фали оној, кој се опашува како оној, што се распашува."
12. Кога ги чу тие зборови Адад, кој пиеше во шаторотие заедно со царевите, им рече на слугите свои: "Опседнувајте го градот!" И го опседнаа градот.
13. И ете, еден пророк пристапи до израилскиот цар Ахав и рече: "Вака вели Господ: го гледаш ли ова цело големо множество? Еве, денес ке го предадам во твои раце, за да знаеш дека Јас сум Господ."
14. Ахав запраша: "Преку кого?" Тој одговори: "Вака вели Господ: ‘преку слугите на градските водачи.‘" А Ахав пак праша: "Кој ке ја почне битката?" Тој му одговори: "Ти."
15. Ахав ги преброи слугите на градските водачи, и се најде дека се дваесте и триесет и двајца; по нив го преброи сиот народ, сите израилски синови, и тие беа седум иљади.
16. тие тргнаа околу пладне. А Адад се беше напил во шаторите заедно со царевите, со триесет и двајцата цареви, кои му помагаа.
17. Најнапред тргнаа градските водачи. И прати синот Адеров да му соопштат на сирискиот цар дека излегле лу е од Самарија.
18. Тој рече: "Ако се излезени за мир, фатете ги живи; ако, пак, се излезени да војуваат, пак фатете ги живи!"
19. Слугите на градските водачи излегоа од градот, а по нив и војската.
20. И секој го убиваше својот противник: Сириците почнаа да бегаат, а Израилците ги гонеа. Сирискиот цар се спаси на коњ со коњицата.
21. Израилскиот цар излезе, ги заплени коњите и колите и им нанесе голем пораз на Сириците.
22. Тогаш пророкот пристапи до израилскиот цар и му рече: "Оди, поткрепи се, па знај и гледај, што ке правиш, зашто по една година сирскиот цар пак ке излезе против тебе."
23. И му кажаа на сирскиот цар слугите негови: "Нивниот Бог е Бог на горите, а не Бог на долините, затоа не победија; но, ако се удриме со нив во рамнина, бездруго ке ги надвиеме;
24. И така, еве што ке направиш: отстрани ги царевите секој од местото негово и место нив постави градски водачи;
25. и собери си толку војска, колку што изгина, и коњи, и коли, колку што имаше; ке се удриме со нив во рамнина и тогаш бездруго ке ги надвиеме." Тој го послуша гласот нивни и направи така.
26. По една година Адад собра Сирци и тргна кон Афек, за да се удри со Израилот.
27. Собрани беа и Израилевите синови и, откако си зедоа храна, тргнаа против нив. Израилевите синови се сместија пред нив како две мали стада кози, а Сириците ја исполнија земјата.
28. Тогаш Божјиот човек се приближи и му рече на израилскиот цар: "Така вели Господ: ‘бидејки Сириците велат, дека е Господ Бог на горите, а не Бог на долините, ке го предадам во рацете твои целото тоа големо множество, за да знаете, дека Јас сум Господ.‘"
29. И тие стоеја улогорени едни спроти други седум дена. На седмиот ден почна борбата, и Израилевите синови испотепаа сто иљади пешаци Сирци во еден ден.
30. Другите избегаа во градот Афек; таму падна sидот врз другите дваесет и седум иљади лу е. Адад, пак, влезе во градот и бегаше од една скривница во друга.
31. Тогаш неговите слуги му рекоа: "Сме слушале, дека царевите од Израилевиот дом се милостиви цареви; дозволи ни да го препашаме со врекиште крстот свој, да ставиме јажиња околу главите свои и да отидеме при израилскиот цар; можеби тој ке го запази животот твој."
32. Тие го препашаа крстот свој со врекиште, ставија околу главите свои јажиња и дојдоа при израилскиот цар, па рекоа: "Твојот слуга Адад вели: ‘Поштеди го животот мој.‘ Оној праша: ‘Зар е тој жив? Тој ми е брат.‘"
33. Тие лу е го примија тоа како добар знак и брзо го зедоа зборот од устата негова и рекоа: "Адад е твојот брат." А тој им рече: "Одете и доведете го." Тогаш Адад излезе пред него, а тој го качи до себе во колата.
34. И му рече Адад: "Градовите, што таткото мој ги презеде од твојот татко, ке ги вратам, и ти можеш да имаш за себе плоштади во Дамаск, како што имаше татко ми во Самарија." Ахав одговори: "Со договор ке те пуштам." И, откако склучи договори со него, го пушти.
35. Тогаш еден од пророковите синови според словото Господово му рече на еден од своите другари: "Тепај ме!" Но тој човек не се согласи да го бие.
36. Тогаш му рече: "Поради тоа што не го послуша Господовиот глас, ке те умртви лав, кога ке си отидеш од мене." Тој си отиде од него, и лав го сретна и го умртви.
37. Тој најде друг човек и рече: "Биј ме!" Оној човек го биеше толку многу, што му направи рани од тепањето.
38. Тогаш пророкот тргна и застана пред царот на патот, покривајки ги очите со покривало.
39. Кога царот минуваше, тој извика кон царот и рече: "Твојот слуга одеше во борба, и ете, еден чвеок, откако се тргна настрана, доведе при мене човек и рече: ‘Варди го овој човек; ако не го зачуваш, душата твој ке оди место неговата душа, или ке треба да одмериш талант сребро.‘
40. Кога слугата твој се зафати со едни и други работи, тој се изгуби." А израилскиот цар му рече: "Таква ти е пресудата; ти сам си ја решил."
41. Тој тогаш го симна покривалото од очите свои, и царот го позна, дека е од пророците.
42. И му рече: "Вака вели Господ: затоа што го пушти од рацете свои човекот, што го бев предал на проклетство, твојата душа ке оди место неговата душа, и твојот народ - место неговиот народ."
43. Израилскиот цар си замина во домот свој возбуден и огорчен и стигна во Самарија.

  1Kings (20/22)