1Kings (18/22)  

1. Откако изминаа многу денови, пак му рече Господ на Илија во третата година: "Оди и јави му се на Ахава, и јас ке дадам дожд на земјата."
2. Илија отиде да му се јави на Ахава. А во Самарија имаше голем глад.
3. И Ахава го повика Авдија, управникот на дворецот. Авдија, пак, беше човек кој многу се боеше од Господа.
4. Кога Језавела ги истребуваше пророците Господови, Авдиј зеде сто пророци и ги криеше во пештери, по педесет лу е, и ги хранеше со леб и вода.
5. И Ахав му рече на Авдија: "Тргни по земјата, по сите водни извори и по сите потоци во земјата, можеби некаде ке најдеме трева, за да си ги прехраниме коњите и маските и да не се лишиме од добитокот."
6. И тие ја разделија ме у себе земјата, за да ја обиколат: Ахав тргна одделно по еден пат, а Авдиј тргна одделно по друг пат.
7. Кога Авдиј врвеше по патот, ете, во пресрет му доа а Илија. Тој го позна, падна ничкум и рече: "Ти ли си, господару мој Илија?"
8. Овој му одговори: "Јас сум; оди и кажи му на господарот свој: ‘Илија е тука.‘"
9. Тој рече: "Што сум виновен, па го предаваш својот слуга во рацете на Ахава, за да ме убие?"
10. "Жив Господ, твојот Бог! Нема ниеден народ и царство, каде што не испракал господарот мој да те бара; и кога му кажуваа дека те нема, тој земаше клетва од тоа царство и народ, дека не можеле да те најдат;
11. а ти сега велиш, оди и кажи му на господарот: Илија е тука.
12. Кога јас ке си отидам од тебе, Духот Господов ке те однесе, не знам каде; и ако отидам да му јавам на Ахава, и тој не те најде, ке ме убие; а слугата твој е богобојазлив од младини.
13. Зар не му е кажано на мојот господар, што сторив јас, кога Језавела ги избиваше Господовите пророци, како криев сто Господови пророци, по педесет души во пештера, и ги хранев со леб и вода?
14. А ти сега велиш: оди и кажи му на твојот господар: Илија е тука; тој ке ме убие."
15. Тогаш Илија му рече: "Жив Господ Саваот, пред Кого стојам, денес ке му се јавам!"
16. Авдиј отиде да го пресретне Ахава и му јави, и Ахав отиде да го пресретне Илија.
17. Штом Ахав го виде Илија, му рече: "Ти ли си, што го вознемируваш Израилот?"
18. Илија му одговори: "Јас не го вознемирувам Израилот, туку ти и татковиот дом твој, бидејки ги презревте Господовите заповеди и врвите по Вааловците;
19. сега испрати и собери го при мене сиот Израил на гората Кармил, и четиристотините и педесет Ваалови прорци и четирите стотини пророци од дубравата, што се хранат од трпезата на Језавела."
20. И Ахав испрати до сите Израилеви синови и ги собра сите пророци на гората Кармил.
21. Тогаш Илија пристапи кон сиот народ и рече: "Уште ли ке храмите на двете колена? Ако Господ е Бог, врвете по Него; ако ли е Ваал - одете по него." А народот не му одговори ни збор.
22. И му рече Илија на народот: "Само јас останав пророк Господов, а Ваалови пророци има четиристотини и педесет души и четиристотини идолски пророци;
23. нека ни дадат две телиња и нека си изберат едно теле, и да го расечат и стават врз дрва, но оган да не потпалуваат; јас, пак, ке го приготвам другото теле и ке го ставам врз дрва, и оган нема да потпалувам;
24. тогаш повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ке го повикам името на Господа, мојот Бог. Оној Бог, Кој ке одговори преку оган, Он е Бог." И сиот народ одговори и рече: "Добро, нека биде така!"
25. Потоа им рече Илија на Вааловите пророци: "Изберете си едно теле и пригответе го вие најнапред, бидејки сте многу; и повикајте го името на вашиот бог, и оган не потпалувајте."
26. И ете го зедоа телето, што им беше дадено, го приготвоја и го повикуваа името на Ваала од утрината до пладне, велејки: "Ваале, почуј не!" Но немаше ни глас, ни одговор. И тие скокаа пред жртвеникот, што беа го направиле.
27. Попладнето Илија почна да им се потсмева и велеше: "Викајте посилно, зашто тој е бог; можеби се замислил, или е зафатен со нешто, или е на пат, а можеби и спие, - така ке се разбуди!"
28. И тие почнаа да викаат високо и според обичајот свој да се бодат со ножеви и копја, така што крв течеше од нив.
29. Мина пладне, а тие се уште беснееја токму до вечерното жртвопринесување; но не се чу ни глас, ни одговор, ниту слух. Тогаш Илија Тесвитецот им рече на Вааловите пророци: "А сега тргнете се вие, та и јас да го извршам своето жртвопринесување." Тие се тргнаа и замолкнаа.
30. Тогаш Илија му рече на сиот народ: "Приближете се до мене." И сиот народ се приближи до него. Тој, пак, го подигна урнатиот жртвеник Господов.
31. И зеде Илија дванаесет камења, токму колку што се колената на синовите на Јакова, кому Господ му беше рекол вака: "Израил ке биде твоето име."
32. И изгради од тие камења жртвеник во името на Господа, а околу жртвеникот направи окоп, што собираше две мери зрна, за да се посеат,
33. и постави дрва врз жрвеникот, го расече телето, го стави врз дрвата,
34. и рече: "Наполнете четири ведра вода и поливајте ја жртвата сепаленица и дрвата!" И направија така. Потоа рече: "Повторете!" И тие повторија. Тогаш рече: "Направете го тоа по третпат." И тие го направија и по третпат.
35. И водата се разлеа околу жртвеникот, а окопот се наполни со вода.
36. Кога ја принесуваа вечерната жртва, пророкот Илија се приближи, извика кон небото и рече: "Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие лу е, дека си Ти единствен Бог во Израилот, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив се според Твоето слово.
37. Чуј ме, Господи, чуј! Нека познае овој народ, дека Ти, Господи, си Бог и ти ке го свртиш срцето нивно кон Себеси."
38. И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата, и дрвата, и камењата и земјата, и ја голтна водата, што беше во окопот.
39. Кога го виде тоа, сиот народ падна ничкум и рече: "Господ е Бог, Господ е Бог!"
40. Тогаш Илија им рече: "Фатете ги Вааловите пророци, та ниеден од нив да не се сокрие." Ги фатија, а Илија ги одведе при потокот Кисон и таму ги искла.
41. Илија му рече на Ахава: "Оди, јади и пиј, зашто се слуша шум од дожд."
42. Ахав отиде да јаде и да пие, а Илија се искачи на врвот на Кармил, се наведна кон земјата, го стави лицето ме у колениците свои
43. и му рече на слугата свој: "Оди и погледни кон морето:" Тој отиде, погледна и рече: "Ништо нема." Тој пак рече: "Направи го тоа седумпати."
44. На седмиот пат слугата рече: "Ете од морето се крева мало облаче, колку човечка дланка." Тој му рече: "Оди, кажи му на Ахава: ‘впрегни ја колата своја и тргнувај, за да не те испревари дождот.‘"
45. Во тоа време небото потемне од облаци и виор, и почна да па а силен дожд. Ахав тогаш седна во колата, заплака и тргна за Језраел.
46. А раката Господова беше врз Илија. Тој го препаша крстот свој и трчаше пред Ахава дури до Језраел

  1Kings (18/22)