1Kings (17/22)  

1. И пророкот Илија, Тесвитец од Галадските жители, му рече на Ахава: "Жив Господ, Бог Израилев, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор."
2. Потоа Господа му рече:
3. "Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан;
4. од тој поток ке пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму."
5. И тој отиде и постапи според словото Господово; отиде и остана при потокот Хорат, кој е спроти Јордан.
6. И гавраните му донесуваа леб и месо наутро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот.
7. По извесно време потокот пресуши, бидејки немаше дожд за земјата.
8. Тогаш Господ му рече:
9. "Стани, оди во Сарепта Сидонска и остани таму. Јас и заповедав таму на една жена вдовица да те храни."
10. И стана тој, па отиде во Сарепта. Кога дојде при градските порти, ете, таму една вдовица жена собира дрва. Тој и се обрати и и рече: "Донеси му малку вода во сад да пијам!"
11. Таа отиде, за да земе, а тој повика по неа и рече: "Донеси ми в раце и парче леб!"
12. Таа му одговори: "Жив ми Господ, твојот Бог, нема ништо печено, туку имам само грст брашно во ноквите и малку масло во масларникот; и, ете, јас ке соберам две - три дрвца, ке отидам и ке го приготвам тоа за себеси и за синот свој; ке го изедеме тоа и ке умреме."
13. А Илија и рече: "Не плаши се; оди и направи го она што го рече; но најнапред направи од тоа мала пресна питка за мене и донеси ми; а за себеси и за синот свој ке направиш после;
14. зашто вака вели Господ, Бог Израилев: ‘брашното во ноквите нема да сврши, и маслото во масларникот, нема да се намали до оној ден, во кој Господ ке даде дожд на земјата.‘"
15. Таа отиде и направи така, како што и рече Илија и таа се хранеше, и тој и синот нејзин извесно време.
16. Брашното во ноквите не се свршуваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господа, што Он го изрече преку Илија.
17. Потоа се разболе синот на таа жена, на домакинката, и болеста негова беше толку силна, што не можеше да диши.
18. Тогаш таа му рече на Илија: "Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гревови и да го умреш синот мој."
19. А тој и одговори: "Дај ми го синот твој." И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што живееше го положи на леглото свое;
20. па повика кон Господа и рече: "Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, при која живеам, ке и направиш зло, погубувајки и го синот нејзин?"
21. И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господа и рече: "Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него!"
22. И Господ го чу гласот на Илија, му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе.
23. Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, и го предаде на мајка му и рече: "Еве, син ти е жив!"
24. Тогаш жената му рече на Илија: "Сега навистина дознав, дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинско."

  1Kings (17/22)