1Kings (16/22)  

1. И би слово Господово кон Анаиевиот син Јуј за Васа:
2. "Поради тоа што те издигнав од правот и те направив водач на мојот народ Израилот, а ти тргна по патот на Јеровоама и го наведе на грев Мојот народ Израилот, за да Ме разгневува со гревовите свои, -
3. ете, Јас ке го отфрлам домот на Васа и домот на потомството негово и ке направам со твојот дом така, како и со домот на Наватовиот син Јеровоама:
4. кој од Васовиот дом ке умре во град, него кучињата ке го изедат, а кој ке умре во полето, него птици небески ке го исколваат."
5. Другите дела на Васа, и се што извршил, и подвизите негови, опишани се во летописите на израилските цареви.
6. Васа почина при татковците свои и беше погребан во Терса. А место него стана цар синот негов Ила.
7. Но преку Ананиевиот син Јуј беше веке кажано словото Господово за Васа, за домот негов и за сето зло, што го беше извршил пред очите на Господа, разгневувајки Го со делата на рацете свои, постапувајки како Јеровоамовиот дом, за што беше истребен.
8. Васовиот син Ила стана цар над Израилот во Терса во дваесет и шестата година на јудејскиот цар Аса и царуваше две години.
9. Против него стана Замвриј, неговиот слуга и старешина на половината комора, кога се беше напил во Терса, во домот на Арса, надзоник на дворецот во Терса.
10. Замвриј влезе, го удри и го уби во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и стана цар место него.
11. Кога стана цар и седна на престолот него, тој го истреби целиот дом на Васа, не оставајки му го ни она што мокри до sид, ни роднините негови, ни пријателите негови.
12. Замвриј го истреби целиот Васов дом, според словото на Господа, што го беше изрекол Он за Васа преку пророкот Јуј,
13. за сите гревови на Васа и за гревовите на синот негов Ила, што го вршеа тие самите и со кои го наведоа во грев Израилот, дразнејки Го Господа, Бога Израилев, со своите идоли.
14. Другите дела на Ила, и се што беше извршил, се опишани во летописите на израилските цареви.
15. Замвриј стана цар во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и царуваше седум дена во Терса, кога народот го опседнуваше Гаваон филистејски.
16. Кога народот, што го опседнуваше, дозна дека Замвриј направил заговор и го убил царот, истиот ден во логорот сите Израилци го зацарија над Израилов војводата началник Амврија.
17. Амвриј и сите Изараилци со него отстапија од Гаватон и ја опседнаа Терса.
18. Кога Замвриј виде дека градот е преземен, влезе во царскиот дом, го потпали над себе царскиот дом и загина,
19. поради своите гревови, со кои беше згрешил, вршејки го она што беше неугодно пред очите на Господа, одејки по патот на Јеровоама и во гревовите негови, што тој ги изврши, за да го наведе во грев Израилот.
20. Другите дела на Замврија и заговорот негов, што беше го направил, се опишани во летописите на Израилските цареви.
21. Тогаш Израилскиот народ се раздели на два дела: половината народ беше со Гонатовиот син Тамниј, за да го направи цар него, а другата страна со Амврија.
22. Надвладеа народот, што беше со Амврија, над народот, кој беше со Гонатовиот син Тамниј; но Тамниј умре, а цар стана Амвриј.
23. Амвриј стана цар над Израилот во триесет и првата година на јудејскиот цар Аса и царуваше дванаесет години. Тој царуваше во Терса шест години.
24. Амвриј ја купи од Семира гората Самарија, за два таланта сребро, изгради на гората град и го нарече Самарија - според името на Семира, сопственикот на гората.
25. И Амвриј вршеше, што не беше угодно пред очите на Господа, и постапуваше полошо од сите свои претходници.
26. Тој во се одеше по патот на Наватовиот син Јеровоама и во гревовите негови, со кои тој ги наведе на грев Израилците, за да Го разгневат Господа, Бога Израилев, со своите идоли.
27. Другите дела на Амврија, што ги направил, и јунаштвото, што го покажал, се опишани во летописите на израилските цареви.
28. Амвриј почина при татковиците свои и беше погребан во Самарија, а место него стана цар синот негов Ахав.
29. Амвриевиот син Ахав стана цар над Израилот во триесет и осмата година на јудејскиот цар Аса, и Амвриевиот син Ахав царуваше во Самарија над Израилот дваесет и две години.
30. И Амвриевиот син Ахав го вршеше она што не му беше угодно пред очите на Господа повеке од сите свои претходници.
31. Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоама, туку си ја зеде за жена Језавела, керката на сидонскиот цар Етавал, и почна да му служи на Ваала и да му се клања;
32. и му подигна на Ваала жртвеник во Вааловото светилиште, што го беше изградил во Самарија.
33. Ахав направи дубрава, направи и повеке од сите израилски цареви што беа пред него. Ахав го правеше она што Го лутеше Господа, Бога Израилев и душата своја ја погуби.
34. Во негово време Ветилицот Ахил го изгради Јерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите негови и врз најмалиот син Сегува ги постави портите негови, според словото на Господа, што Он го беше изрекол преку Навиновиот син Исуса.

  1Kings (16/22)