1Kings (15/22)  

1. Не осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јервоам, над Јудејците стана цар Авија.
2. Тој царуваше во Ерусалим три години; името на мајка му беше Мааха, Авесаломова керка.
3. Тој одеше во сите гревови на таткото свој, што тој ги вршеше пред него, и срцето негово не беше предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татка му Давида.
4. Но заради Давида, неговиот Господ Бог му беше дал светило во Ерусалим, воздигнувајки го по него синот негов и го закрепи Ерусалим,
5. зашто Давид вршеше, она што беше угодно пред очите на Господа, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она, што Он му беше заповедал, освен постапката со Хетеецот Урија.
6. Ме у Ровоама и Јеровоама имаше војна во сите дни на животот нивни.
7. Другите дела на Авија, и се што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. И имаше војна ме у Авија и Јеровоама.
8. Авија почина при татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Аса.
9. Аса стана цар над Јудејците во дваесеттата година од царувањето на израилскиот цар Јеровоам,
10. и царуваше во Ерусалим четириесет и една година; името на мајка му беше Ана, Авесаломова керка.
11. Аса го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, како неговиот татко Давид.
12. Тој ги изгони блудниците од земјата и ги отфрли сите идоли, што ги беа направиле татковците негови,
13. и дури мајката своја Ана ја лиши од звањето царица, поради тоа што беше направила идол на Астарта; и го скрши Аса и нејзиниот идол и го изгори при потокот Кедрон.
14. Идолските светилишта, навистина, не беа урнати. Но срцето на Аса му беше предадено на Господа во сите дни негови.
15. И тој ги внесе во домот на Господа предметите, посветени на татко му негов, и предметите посветени од него: сребро, злато и садови.
16. Ме у Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во сите нивни дни.
17. Израилскиот цар Васа излезе против Јудеја и почна да ја гради Рама, та никој да не излегува, ниту да оди при јудејскиот цар Аса.
18. Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато, што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати при Таверема, синот на Адера, син Хезионов, цар сириски, кој живееше во Дамаск, велејки:
19. "Нека има сојуз ме у мене и тебе, како што имаше ме у мојот татко и твојот татко; ете, ти испракам на дар сребро и злато; раскини го сојузот свој со израилскиот цар Васа, та да се оттргне од мене.
20. И синот на Адера го послуша царот Аса, и ги испрати своите војводи против израилските градови и ги порази Аин, Дан, Авел-Вет-Мах и целиот Кинерот, по целата Нефталимова земја.
21. Кога го чу тоа, Васа престана да ја гради Рама и се врати во Сарир.
22. А царот Аса ги собра сите Јудејци без исклучок, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвјата, кои Васа ги употребуваше за градење. Со нив царот Аса ги изгради Гива Венијаминова и Миспа.
23. Сите други дела на Аса сите негови подвизи и се што изврши, и градовите што ги изгради, се опишани во летописите на јудејските цареви, освен тоа, дека на стари години го заболеа нозете.
24. Аса почина при татковците свои и беше погребан при нив во градот на татка си Давида. А место него стана цар синот негов Јосафат.
25. А Јеровоамовиот син Нават стана цар над Израилот во втората година на јудејскиот цар Аса и царуваше над Израилот две години.
26. Тој го вршеше, она што беше неугодно пред очите на Господа, одеше по патот на татка си и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот.
27. Против него се крена Ахиевиот син Васа, од Исахаровиот дом, и Васа го уби при Гаватон филистејски, кога Нават и сите Израилци го опседнуваа Гаватон;
28. Васа го уби во третата година јудејскиот цар Аса и стана цар место него.
29. Кога стана цар, тој го порази целиот Јеровоамов дом и не остана ниедна душа кај Јеровоама, додека не го истреби, според словото на Господа, што го беше изрекол преку својот слуга Ахија Силомецот,
30. поради гревовите на Јеровоама, кои тој сам ги напрви и со кои го наведе во грев Израилот, поради гревовите со кои тој го разгневи Господа, Бога Израилев.
31. Другите дела на Навата, се што тој извршил, се опишани во летописите на израилските цареви.
32. Ме у Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во текот на сите нивни денови.
33. Во третата година на јудејскиот цар Аса стана цар во Терс над сите Израилци Ахиевиот син Васа и царуваше дваесет и четири години.
34. Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше по патот на Јеровоама и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот.

  1Kings (15/22)