1Kings (14/22)  

1. Во она време се разболе Јеровоамовиот син Авија.
2. И Јеровоам и рече на жена си: "Стани и преоблечи се, за да не те познаат, дека си Јеровоамова жена, па оди во Силом. Таму е пророкот Ахија, што ми претскажа, дека ке бидам цар на овој народ.
3. Земи со себе за Божјиот човек десет леба, питки и грне мед, па оди при него; тој ке ти каже, што ке стане со детето."
4. Јеровоамовата жена така направи: стана, отиде во Силом и влезе во куката на Ахија. А Ахија веке не можеше да гледа, зашто очите му беа станале неподвижни од старост.
5. Тогаш Господ му рече на Ахија: "Ете, Јеровоамовата жена доа а да те праша за синот свој, бидејки е болен; кажи и така и така; таа ке дојде преоблчна."
6. Ахија, што го чу шумот од чекорите нејзини, кога влезе низ вратата, рече: "Влези, Јеровоамова жено; зошто требаше да се преоблекуваш? Јас сум пратен да ти кажам зло.
7. Оти и кажи му на Јеровоама: вака вели Господ, Бог Израилев: ‘Јас те издигнав од средината на простиот народ и те поставив за водач на Мојот народ Израилот,
8. го одзедов царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе; но ти не си таков, каков што беше Мојот слуга Давид, кој ги пазеше заповедите Мои и кој Ме следеше од се срце, вршејки го само она, што е угодно пред очите Мои;
9. ти постапуваш полошо од сите, што беа пред тебе, и отиде, та си направи други богови и идоли, за да Ме дразниш, а Мене ме отфрли зад грбот свој,
10. затоа Јас ке испратам зло врз Јеровоамовиот дом и ке го истребам кај Јеровоама дури и она што мокри до sид, што е затворено и изоставено во Израилот, и ке го исчистам Јеровоамовиот дом сосема, како што чистат убре;
11. кој од Јеровоамовиот дем ке умре во град, него кучињата ке го изедат, а кој ке умре во полето, него птиците небески ке го исколваат; така вели Господ.
12. Стани, па оди во домот свој; и, што чекорот твој ке стапне во градот, детето ке умре;
13. сите Израилци ке го оплачат и ке го погребат, зашто само тоа од Јеровоамовиот дом ке влезе во гроб, бидејки во него, од целиот Јеровоамов дом, се најде нешто добро пред Господа, Израилевиот Бог.
14. И Господ ке Си издигне над Израилот цар, кој ке го истреби Јеровоамовиот дом во оној ден; и што? - еве денес!
15. И Господ ке го порази Израилот, и тој ке биде како трска, која се лула во водата, и ке ги исфрли Израилците од оваа убава земја, што им ја даде на татковците нивни, и ке ги расфрли зад реката, поради тоа што си направија идоли и го гневеа Господа;
16. и ке го изостави Господ Израилот поради гревовите на Јеровоама, што сам си ги направи, и со кои го наведе во грев Израилот."
17. Јеровоамовата жена стана, тргна и дојде во Сарир; и, штом стапи на кукниот праг, детето умре.
18. И сите Израилци го погребаа и оплакаа, според словото на Господа, кое Он го изрече преку Својот слуга, пророкот Ахија.
19. Другите дела на Јеровоама - како војувал и како царувал - се опишани во летописите на израилските цареви.
20. Времето, во кое што царуваше Јеровоам, беше дваесет и две години; и почина при татковците свои, а место него се зацари синот негов Нават.
21. Соломоновиот син Ровоам царуваше во Јудеја. Ровоам беше на четириесет и една година кога стана цар, и царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот, што Господ го избра од сите Израилеви племиња, за да остане засекогаш таму името Негово. Името на мајка му беше Наама, Амонитка.
22. И Јуда го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, и Јудините синови го разгневуваа повеке, отколку татковците нивни со гревовите свои, што беа ги правеле.
23. Тие си беа издигнале идоли и идолски светилишта на секој висок рид и под секое сенчесто дрво.
24. Во таа земја имаше и блудници, што ги вршеа сите гнасотии на оние народи, кои Господ ги беше прогонил од лицето на Израилевите синови.
25. На петтата година од Ровоамовото царување египетскиот цар Сусаким се крена против Ерусалим,
26. и ги зеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом: и златните штитови, кои Давид ги беше зел од слугите на сувскиот цар Адраазар и ги беше внел во Ерусалим. Се зеде; ги зеде и сите златни штитови, што ги беше направи Соломон.
27. И наместо нив цар Ровома направи бронзени штитови и ги даде во рацете на старешините и телохранителите, кои го чуваа влезот во царскиот дом.
28. Кога царот одеше во домот Господов, телохранителите ги носеа, а потоа ги вракаа во живеалиштата на телихранителите.
29. Другото за Ровоама и за се, што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви.
30. Ме у Ровоама и Јеровоама имаше војна преку сите денови на животот нивни.
31. Ровоам почина при татковците свои и беше погребан при нив во Давидовиот град. Името на мајка му беше Наама, Амонитка. Наместо него стана цар синот негов Авија.

  1Kings (14/22)