1Kings (11/22)  

1. Цар Соломон засака, освен фараоновата керка, и многу жени - ту инки - Моавки, Амонитки, Идумејки, Сидонки и Хетејки, -
2. од оние народи, за кои Господ им беше рекол на Израилевите синови: не влегувајте при нив, и тие да не влегуваат при вас, за да не го приклонат срцето ваше кон своите богови. Кон нив се прилепи Соломон со љубовта своја.
3. Тај имеше седумстотини жени и триста наложници; и неговите жени го развратија срцето негово.
4. Кога Соломон остаре, неговите жени го приклонија срцето негово кон други богови, и срцето негово не беше наполно предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татка му Давида.
5. И Соломон почна да и служи на Астрата сидонската богинка, и на Милхом, амонитски гад.
6. И Соломон го вршеше она, што беше неугодно пред очите на Господа, и не го следеше наполно Господа како татко му Давид.
7. Тогаш Соломон изгради многубожечко светилиште на Хамос, моавски гад, на гората, што е пред Ерусалим, и на Молох, амонитски гад.
8. Така направи тој за сите свои жени ту инки, кои кадеа и принесуваа жртви на своите богови.
9. И Господ се разгневи на Соломона поради тоа што го отстрани срцето свое од Господа, Бога Израилев, Кој на двапати му се беше јавувал
10. и му беше заповедал да не оди по други богови; но тој не го исполни тоа, што му го беше заповедал Бог.
11. Тогаш Господ му рече на Соломона: "Затоа што тоа се врши кај тебе, и ти не го зачува Мојот завет и Моите наредби, што ти ги бев заповедал, ке го одземам царството од тебе и ке го дадам да твојот слуга;
12. но во твоите дни Јас нема да го направам ова поради татка ти Давида: од рацете на синот твој ке го одземам;
13. но нема целото царство да го одземам: едно племе ке му дадам на синот твој заради Мојот слуга Давида и заради Ерусалим, што сум го избрал."
14. И Господ му воздигна на Соломона противник - идумеецот Адада, од идумејски царски род.
15. Кога Давид беше во Идумеја, и војводата Јоав дојде да ги погребе убиените, откако беше испотепал се машко во Идумеја, -
16. бидејки Јоав и сите Израилци престојуваа таму шест месеци, додека не истребија се живо во Идумеја, -
17. тогаш Адад избега во Египет и со него неколкумина Идумејци, што беа служеле при татка му; Адад тогаш беше дете.
18. Кога тргнаа од Мадијам, тие дојдоа во Фаран и зедоа со себеси лу е од Фаран и стигнаа во Египет при Фараонот - египетскиот цар; Адад влезе при Фараонот, и тој му даде дом, му одреди плата и му даде земја.
19. Адад се здоби со голема милост кај Фараонот, така што го ожени со сестрата на жена си, сестра на царицата Тахпенеса.
20. Тахпенесината сестра му роди син Генуват. Тахпенеса го воспитуваше во Фараоновиот дом; и Генуват живееше во Фараоновиот дом заедно со Фараоновите синови.
21. Кога Адад чу, дека Давид починал при татковците свои и дека војводата Јова умрел, му рече на Фараонот: "Пушти ме да појдам во земјата своја?"
22. Фараонот му рече: "Зар си незадоволен од мене, па сакаш да одиш во земјата своја."
23. Господ крена против Соломона и друг противник - Резона, Елијадовиот син, кој беше избегал од својот господар Адраазар, сувскиот цар,
24. и, откако собра околу себеси лу е, стана старешина на чета, откако Давид го беше победил Адраазара; и тие отидоа во Дамаск, се настанија таму и господареа во Дамаск.
25. Тој беше противник на Израилот во текот на сите дни на Соломона. Освен злото, извршено од Адада, тој секогаш му правеше пакост на Израилот и стана сириски цар.
26. И Наватовиот син Јеровоам, Ефермецот од Сарида, - името на мајка му, вдовица, беше Серуа, - Соломонов слуга, крена рака против царот.
27. Еве по кој повод тој крена рака против царот: Соломон го градеше Милон, ги поправаше урнатините во градот на татка си Давида.
28. Јеровоам беше силен човек. Соломон, откако забележа, дека тоа момче го бива за работа, го постави за надзорник над задолжените работици од Јосифовиот дом.
29. Во она време на Јеровоам му се случи да излезе од Ерусалим; по патот го сретна пророкот Ахија Силомец, облечен во нова облека. Тие беа само двајцата во полето.
30. И Ахија ја зеде новата облека, што беше на него, ја раскина на дванаесет делови,
31. и му рече на Јеровоама: "Земи си десет делови, зашто така вели Господ, Бог Израилев: ‘Ете го истргнувам царството од раката на Соломона и десет племиња ти давам тебе,
32. и едно племе ке му остана нему заради Мојот слуга Давида и заради градот Ерусалим, што го избраа од сите Израилеви племиња!‘
33. Ова е поради тоа, што тие Ме оставија и почнаа да и се клањаат на Астарта, сидонската богинка, и на Хамоса, моавскиот бог, и на Мелхома, амонитскиот бог, и не одеа по Моите патишта, за да го вршат она, што е угодно пред Моите очи, и да ги пазат Моите наредби и Моите заповеди, како татко му Давид.
34. Јас не го одземам целото царство од раката негова, туку го оставам да владее до крајот на својот живот заради Мојот слуга Давида, кого го избрав и кој ги пазеше Моите заповеди и Моите наредби;
35. но ке го одземам царството од раката на синот негов и десет племиња од него ке ти ги дадам тебе;
36. а на синот негов ке му дадам едно племе, за да остане светилото на Мојот слуга Давида во сите дни пред лицето Мое во градот Ерусалим, што го избрав, за да останае засекогаш таму името Мое.
37. Тебе те избирам, и ти ке владееш со се, што ке посака душата твоја, и ти ке бидеш цар над Израилот;
38. и ако пазаиш на се, што ке ти заповедам, ако одиш по патиштата Мои и ако го вршиш она, што е угодно пред очите Мои, пазејки ги Моите наредби и Моите заповеди, како што правеше Мојот слуга Давид, Јас ке бидам со тебе и ке ти водзигнам крепок дом, како што му создадов на Давида, и ке ти го дадам Израилот;
39. ке го понизам Давидовиот род за тоа, но не за секогаш."
40. А Соломон сакаше да го убие Јеровоама, но Јеровоам стана, та избега во Египет при Сусакима, египетски цар, и живееше во Египет до смртта Соломонова.
41. Другите дела на Соломона и се што вршеше тој, и мудроста негова, се опишани во книгата на делата Соломонови.
42. Времето, во кое Соломон царуваше во Ерусалим над целиот Израил, беше четириесет години.
43. И Соломон почина при татковците свои и беше погребан во градот на татка си Давида; а место него се зацари синот негов Ровоам.

  1Kings (11/22)