1John (5/5)    

1. Секој кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бог; секој кој го љуби таткото, го љуби и неговото чедо.
2. По ова познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бог и ги извршуваме Неговите заповеди.
3. Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки,
4. зашто сè што е родено од Бог, го надвладува светот; и ова е победата која го победи светот - нашата вера.
5. Кој е тој што го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Божјиот Син?
6. Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв - Исус Христос; и не само преку водата, туку преку водата и преку крвта;
7. а Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината.
8. Зашто тројца се кои сведочат: Духот и водата и крвта, и овие три се во согласност.
9. Ако примаме сведоштво од луѓе, Божјото сведоштво е поголемо. А Божјото сведоштво е што Тој сведочеше за Својот Син.
10. Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, зашто не му верува на сведоштвото што Бог го даде за Својот Син.
11. А еве го сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син.
12. Кој Го има Синот, го има тој живот; кој Го нема Божјиот Син, го нема тој живот.
13. Ова ви го напишав вам кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот.
14. И ова е увереноста која ја имаме во Него: дека нè слуша ако бараме нешто според Неговата волја.
15. И кога знаеме дека нè слуша што и да бараме, знаеме дека ќе го добиеме она што сме го побарале од Него.
16. Ако некој го види својот брат да чини грев што не е за смрт, нека моли, и Бог ќе му даде живот на оној кој не чини грев за смрт. Има грев за смрт и за тој грев не велам да моли.
17. Секоја неправедност е грев, а постои грев што не е за смрт.
18. Знаеме дека секој кој е роден од Бога не греши, туку родениот од Бога се чува себеси и злиот не се допира до него.
19. Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е под власта на злиот.
20. Исто така знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разбирање, за да Го познаеме Bистинскиот, а ние сме во Bистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог и вечен живот.
21. Чеда, чувајте се од идолите.

  1John (5/5)