1John (1/5)  

1. Она што беше од почетокот, што го чувме, што го видовме со своите очи, што го гледавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот -
2. тој живот се јави, а ние Го видовме и сведочиме и ви го објавуваме вечниот живот, Кој беше со Таткото и ни се јави нам;
3. она што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, та и вие да имате општење со нас. А нашето општење е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос.
4. Ние ви го пишуваме ова, за да биде нашата радост целосна.
5. Ова е пораката што ја чувме од Него и што ви ја објавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина.
6. Ако речеме дека имаме општење со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината.
7. Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме општење еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исус Христос нè исчистува од секој грев.
8. Ако речеме дека немаме грев, се мамиме самите себеси, и вистината не е во нас.
9. Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да нè исчисти од секаква неправедност.
10. Ако речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и Неговото слово не е во нас.

      1John (1/5)