1Corinthians (8/16)  

1. Што се однесува до идолските жртви, знаеме дека сите ние имаме знаење. Знаењето вообразува, а љубовта надградува.
2. Ако некој мисли дека знае нешто, тој сè уште не знае како што треба да знае!
3. Но, ако некој Го љуби Бога, него Бог го познава.
4. И така, во однос на јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо во светот и дека нема друг Бог освен Единиот.
5. Зашто, дури и да има таканаречени богови, било на небото, било на земјата - како што има многу богови и многу господари -
6. сепак, ние имаме еден Бог, Таткото, од Кого е сè и за Кого постоиме ние, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сè, и преку Кого суштествуваме и ние.
7. Но, сите го немаат ова знаење. Имено, некои што се досега навикнати на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест.
8. Меѓутоа храната не нè прави угодни на Бог: ниту губиме нешто, ако не јадеме, ниту добиваме нешто, ако јадеме.
9. Но внимавајте оваа ваша слобода да не им стане камен за сопнување на слабите!
10. Зашто ако некој те види тебе, кој имаш познавање, како седиш на трпеза во идолски храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаба, да биде поттикната да јаде од жртвуваното на идолите?
11. И заради твоето познавање загинува слабиот, братот за кого Христос умре.
12. Значи, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, грешите против Христос.
13. Затоа, ако храната го наведува на грев мојот брат, нема воопшто да јадам месо довека, за да не го наведувам на грев својот брат.

  1Corinthians (8/16)