1Corinthians (6/16)  

1. Се осмелува ли некој од вас, ако има спор со друг, да оди на суд пред неправедните, а не пред светиите?
2. Или не знаете ли дека светиите ќе му судат на светот? И ако вие ќе му судите на светот, не сте ли достојни да судите во малите спорови?
3. Не знаете ли дека ние ќе им судиме на ангелите! А камо ли на делата од овој живот!
4. И така, ако имате поставено судови за работите од овој живот, дали ги поставувате за судии оние кои се малку ценети во црквата!
5. Зборувам за ваш срам. Bистина ли е дека меѓу вас нема ниеден мудар, кој би можел да пресуди меѓу своите браќа,
6. туку брат се суди со брат, и тоа пред неверници?
7. Без сомнение, тоа е веќе за сите вас пораз, штом имате парници помеѓу себе. Зошто поарно не претрпите неправда? Зошто поарно не претрпите штета?
8. Bпрочем, вие самите ги онеправдувате и оштетувате, и тоа браќата!
9. Или не знаете дека неправедните нема да го наследат Божјото царство? Не мамете се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените, ни хомосексуалците,
10. ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците, нема да го наследат Божјото царство.
11. А некои од вас беа такви. Но, бевте измиени, и бевте осветени, и бевте оправдани во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог.
12. Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам ништо да завладее над мене.
13. Храната е за стомакот, а стомакот за храната, но Бог ќе ги уништи и едното и другото. Телото не е за блудство, туку за Господ, а Господ е за телото;
14. Бог, Кој Го воскресна Господ, ќе нè воскресне и нас со Својата моќ.
15. Не знаете ли дека вашите тела се Христови органи? И така, да ги земам ли Христовите органи и да ги направам органи на блудница? Никако!
16. Или не знаете дека оној кој ќе се соедини со блудница станува едно тело со неа? Зашто Тој рече: "Обата ќе станат едно тело."
17. А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.
18. Бегајте од блудство! Секој грев што човекот го прави, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело.
19. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух Кој е во вас, Кого го имате од Бог, па дека не си припаѓате на себеси?
20. Зашто скапо сте платени. Затоа, прославете Го Бог во своето тело.

  1Corinthians (6/16)