1Corinthians (5/16)  

1. Bсушност, се зборува дека меѓу вас има блудство, и тоа такво какво што нема ни меѓу безбожниците, дека некој ја има татковата жена.
2. А вие уште се вообразивте и не жалите; нека биде отстранет од вашата средина оној што го направил тоа дело!
3. Зашто, иако во телото сум отсутен, присутен сум во духот, и јас веќе го осудив оној кој го направил тоа како да сум присутен.
4. Кога во името на нашиот Господ Исус ќе се соберете вие и јас со мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус,
5. да го предадете таквиот на сатаната, за пропаст на неговото тело, за да биде спасен неговиот дух во денот на Господ Исус.
6. Bашето фалење не е добро. Не знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?
7. Исчистете се од стариот квас, за да бидете ново тесто, како што сте бездруго бесквасни. Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас.
8. Затоа треба да празнуваме не со стариот квас, ниту со квасот на злобата и пакоста, туку со бесквасниот леб на искреноста и вистината.
9. Bо моето писмо ви напишав, да не станувате блиски со блудници,
10. но воопшто не мислев на блудниците од овој свет, или со алчните, или со измамниците, или со идолопоклонците, зашто тогаш би требало да излезете од светот.
11. Но сега ви напишав да не станувате блиски со оној кој се нарекува брат, а блудник е или алчен, или идолопоклоник, или пцујач, или пијаница или измамник. Со таков и да не јадете!
12. Зашто, моја работа ли е да ги судам оние кои се надвор? Зар вие не им судите на оние кои се внатре?
13. А Бог ќе им суди на оние кои се надвор. "Отстранете го злиот од вашата средина!"

  1Corinthians (5/16)