1Corinthians (16/16)    

1. А што се однесува до собирањето помош за светиите, правете и вие како што им наредив на црквите во Галатија.
2. Bо секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам.
3. А кога ќе пристигнам, ќе ги испратам, со писма, оние кои вие ќе ги најдете за достојни да го однесат дарот на вашата љубов во Ерусалим.
4. А ако биде можно да појдам и јас, тие ќе тргнат со мене.
5. Кај вас ќе дојдам, откако ќе минам низ Македонија, зашто поминувам низ Македонија,
6. а можеби ќе се задржам кај вас, и да презимам, за да ме испратите каде и да одам.
7. Зашто не сакам сега да ве видам само на минување, но, се надевам да останам некое време кај вас, ако Господ дозволи.
8. Bо Ефес ќе останам до Педесетницата,
9. зашто ми се отвори голема врата за делотворна работа, а противници има многу.
10. Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој работи на Господовото дело, како и јас.
11. Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир да дојде кај мене, зашто со браќата го очекуваме.
12. Што се однесува пак до братот Аполос, многу го храбрев да дојде кај вас со браќата, но не сакаше да дојде сега, а ќе дојде кога ќе има можност.
13. Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни!
14. Сè што правите правете со љубов!
15. Bе молам браќа (знаете за Стефановиот дом, дека тој е првина од Ахаја и дека тие се посветија да им служат на светиите);
16. покорувајте им се и вие на таквите, и на секој што помага во делото и што работи!
17. Се радувам на доаѓањето на Стефан, на Вортунат и на Ахаик, бидејќи тие го надоместија вашето отсуство
18. и затоа што го освежија и мојот и вашиот дух. Затоа почитувајте ги таквите!
19. Bе поздравуваат црквите од Азија. Многу поздрави во Господ ви испраќаат, Акила и Прискила со црквата што е во нивниот дом.
20. Bе поздравуваат сите браќа! Поздравете се еден со друг со свет целив!
21. Bе поздравувам своерачно, јас Павле.
22. Кој не Го љуби Господ нека биде проклет! Мараната!
23. Благодатта на Господ Исус нека биде со вас.
24. Мојата љубов нека биде со сите вас во Христос Исус.

  1Corinthians (16/16)