1Chronicles (9/29)  

1. Така беа пребројани според родовите свои сите Израилци, и, ете, тие се запишани во книгите на израилските цареви. А Јудејците заради беззаконијата свои беа преселени во Вавилон.
2. Првите жители, што живееја во своите владенија, по израилските градови, беа Израилци, свештеници, левити и Нетинејци.
3. Во Ерусалим живееја некои од Јудините синови и од синовите Венијаминови, како и од синовите Ефремови и Манасиеви:
4. Утиј, син Амиудов, син на Амври, син на Амераима, син Ваниев, - од синовите на Фареса, Јудиниот син;
5. од синовите Силонови - Асаија, првороден, и синовите негови;
6. од синовите на Зара - Јеил и браката нивни, - шестотини и деведесет;
7. од синовите Венијаминови - Салу, син на Васолама, син на Одуаје, син Сануев;
8. Јевна, син Јероамов, Елав, син на Озија, син Махиров; Мосолам, син на Сафатија, син на Рагуила, син Јеваниев,
9. и браката нивни според родовите нивни: деветстотини и педесет и шест, - сите тие мажи беа кнезови на родовите во поколенијата свои.
10. А од свештениците: Јодај, Јоарим, Јоаким,
11. Азарија, син на Хелкија, син на Мосолама, син на Садока, син на Марариота, син Ахитов, кој беше началник на Божјиот дом;
12. Адијам, син на Јероама, син на Фастура, син Мелхиаев; Маасиј, син Адиилов, син Езиров, син на Мосолама, син на Маселамота, син Емаров,
13. и браката нивни, кнезови на родовите свои: иљада и седумстотини и шеест, - мажи истакнати во службата своја во Божјиот дом.
14. А од левитите: Семеја Асуев син, син на Езраикама, син Савиев, - од синовите Мерариеви;
15. Ваквакар, Арис, Гареа и Матанија, син на Миха, син на Зехрија, син Асафов;
16. Авдија, син Семеев, син на Галила, син на Идитуна, и Варахија, син на Аса, син на Елкана кој живееше во Нетофатските села.
17. А вратари: Селум, Акум, Телмон, Еман и браката нивни; Селум беше главен.
18. Тие се и до денес вратари при царската порта кон исток и ја одржуваат стражата на синовите Левиеви.
19. Селум, син Кореов, син на Авијасафа, син на Кореја, и браката негови од неговиот род, - Кореевци, по службата беа стражари при праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом.
20. Финеес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него.
21. Захарија, син Мосоламов, беше вратар при вратата во скинијата на сведоштвото.
22. Сите тие, избрани за вратари при праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивните села. Нив ги поставија Давид и Самуил јасновидецот заради верноста нивна.
23. Тие и синовите нивни чуваа стража при вратата на домот Господов, при домот на скинијата.
24. Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната.
25. А браката нивни живееја во своите села и доа аа одвреме - навреме при нив за седум дена.
26. Тие четворица први вратари, левитите, беа доверени лица; тие исто така беа поставени при живеалиштата и сокровиштата на Божјиот дом.
27. Тие престојуваа и ноке околу Божјиот дом, бидејки ним им беше наложено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите.
28. Некои од нив беа поставени при службените садови, кои ги примаа со број и даваа со број.
29. На други од нив им беа доверени другите садови и сите свештени потреби: најчисто брашно, вино, елеј, темјан и мирисите.
30. А некои од свештеничките синови подготвуваа миро, од разни миризливи материи.
31. А на левиотот Мататија, првороден на Кореецот Селум, му беше доверено она, што се подготвува во тавче.
32. На некои од браката нивни, од синовите Катови им беше доверено да ги приготвуваа лебовите на предложението, за да ги принесуваат секоја сабота.
33. А певците, главните во левитските поколенија, во собите на храмот беа ослободени од работа, бидејки беа должни да се занимаваат дење и ноке со својата служба.
34. Тоа се левитските кнезови, главни во родовите свои. Тие живееја во Ерусалим.
35. Во Гаваон живееја: Јеил, татко на Гаваонците, - жена му се викаше Маха, -
36. и првородениот син негов Авадон; по него: Сур, Кис, Вал, Нир, Надав,
37. Гедор, Ајун, Зехрија и Макелот.
38. Макелот го роди Сама. И тие живееја до браката свои во Ерусалим, заедно со браката свои.
39. Нир го роди Киса, Кис го роди Саула, Саул го роди Јонатана, Мелхиса, Аминадава и Јесфала.
40. Јонатанов син беше Мемфивал; Мемфивал го роди Миха.
41. Синови на Миха: Филот, Мехиил, Тара и Хаз.
42. Хас го роди Јада; Јад го роди Алета, Асмота и Замврија, Замвриј го роди Меса.
43. Мес го роди Ванија; Рафеја беше негов син; Еласа, негов син, Асаил, негов син.
44. Асаил имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Езрикам, Исмаил, Азарија, Авдија, Анан и Аса. Тоа се синовите Асаилови.

  1Chronicles (9/29)