1Chronicles (6/29)  

1. Синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари.
2. Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил.
3. Деца Амрамови: Арон, Мојсеј и Маријам. Синови Аронови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.
4. Елеазар го роди Финеса, Финес го роди Авиуда;
5. Аиуд го роди Вокија, Вокиј го роди Озија;
6. Озија го роди Сареја, Сареј го роди Мариота;
7. Мариот го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова;
8. Ахитов го роди Садока, Садок го роди Ахимаса;
9. Ахимас го роди Азарија, Азарија го роди Јоанана;
10. Јоанан го роди Азарија, - тоа е оној, што беше свештеник во изградениот храм од Соломна во Ерусалим.
11. Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова;
12. Ахитов го роди Садока, Садок го роди Селума;
13. Селум го роди Хелкија, Хелкија го роди Азарија;
14. Азарија го роди Сареја, Сареј го роди Јоседека;
15. Јоседек отиде во плен, кога Господ ги пресели Јудејците и ерусалимците преку раката Навуходоносорова.
16. И така, синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари.
17. Еве ги имињата на Герсоновите синови: Ловениј и Семеј.
18. Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил.
19. Синови Мерариеви: Моли и Муси. Тоа се потомците Левиеви според родовите нивни.
20. Герсон имаше: Лавениј, негов син; Јет, син негов; Семна, негов син;
21. Јол, негов син; Адо, негов син; Зара, негов син; Јетри, негов син.
22. Синови Катови: Исар, син негов; Аминадав, негов син; Кореј, негов син, Асир, негов син;
23. Елкана, негов син; Ависаф, негов син; Асир, негов син;
24. Кат, негов син; Урил, негов син; Озија негов син; Саул, негов син.
25. Синови на Елкана: Амаси и Амиот.
26. Елкана, негов син; Суфиј, негов син; Нат, негов син;
27. Елијаб, негов син; Јеремеил, негов син; Елкана, негов син; Самуил, негов син.
28. Синови Самуилови: провородениот Јоил, втор Авија.
29. Синови Самуилови: провородениот Јоил, втор Авија.
30. Сама, негов син; Ананија, негов син; Асаија, негов син.
31. Ете, нив ги постави Давид да пеат над пеачите во Господовиот дом, откако го внесе во него ковчегот.
32. Тие служеа како пеачи пред скинијата на сведоштвото, додека Соломон го изгради домот Господов во Ерусалим. Тие настапуваа во службата своја според редот свој.
33. Еве ги оние што настапуваа со синовите свои: од синовите Катови - Еман, пеач, син на Јоила, син на Самуила,
34. син на Елкана, син на Јеремеила, син на Елијава, син Нафов
35. син на Суфа, син на Елкана, син на Амиота, син на Амаса,
36. Син на Елкана, син на Јоила, син на Аварија, син на Сафанија,
37. син на Мата, син на Асера, син на Авијасара, син на Кореја,
38. син на Аминадава, син на Кита, син на Исара, син Левиин, син Израилев.
39. И брат му Асаф, кој стоеше од десната страна негова, - Асаф, син на Варахија, син на Сама,
40. син на Михаила, син Масилов, син на Мелиев,
41. син Атаниев, син Зараев, син Адаев,
42. син Итамов, син Земин, син Семеев,
43. син Јетов, син Герсонов, син Левиев.
44. А од синовите на Мерари, нивните брака, - на левата страна: Етам, син Хусиев, син Авдиев, син Малохов,
45. син Савиев, син Амасиев, син Хелкиев,
46. син Амсиев, синот Ваниев, синот Самиров,
47. синот Молиев, синот Мусиев, синот Мерариев, син Левиев.
48. Браката нивни, левитите, беа определени за секаква служба при Божјиот дом;
49. Арон, пак, и синовите негови ги изгоруваа приносите врз жртвеникот и врз кадилниот жртвеник извршуваа секое свештенодејствие во Свјатаја Свјатих и за исчистување на Израилот во се, како што беше заповедал Божјиот слуга Мојсеј.
50. Еве ги синовите Аронови: Елеазар, син негов; Финес, син негов; Авиуд, син негов;
51. Вокхи, негов син; Озиј, негов син, Сареј, негов син;
52. Мариот, негов син; Амариј, негов син; Ахиров, негов син;
53. Садок, негов син; Ахимас, негов син.
54. Еве ги нивните живеалишта според селата нивни во нивните предели: на синовите Аронови од родот Катов, според она што им се падна со жреб;
55. го дадоа Хеврон, во земјата Јудина, и околината негова;
56. а нивите на тој град и селата негови му ги дадоа на Халева, синот Јефониев.
57. На Ароновите синови им ги дадоа и прибежишните градови: Хеврон и Ловна со околиите нивни, Јатир и Естемој со околината негова,
58. Илон и околината негова, Давир и околината негова,
59. Асан со околината негова и Ветсамис со околината негова; и Ветсур со околината негова,
60. а од племето Венијаминово - Гаваон и околината негова, Еламот со околината негова, и Еламвеј со околината негова и Анатот со околината негова; сите нивни градови во родовите нивни беа тринаесет града.
61. На другите синови Катови од челадта на тоа племе им дадоа со жреб десет града од делот на полуплемето Манасиево.
62. На синовите Гирсонови, според родовите нивни, од племето Исахарово, од племето Асирово, од племето Нефталимово и од племето Манасиево во Васан им дадоа тринаесет градови.
63. На синовите Мерариеви, според родовите нивни, од племето Рувимово, од племето Гадово, и од племето Завулоново им дадоа со жреб дванаесет градови.
64. Така синовите Израилеви им ги раздадоа на левитите градовите со околините нивни.
65. Ги дадоа со жреб од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови оние градови, кои тие ги искажаа поименично.
66. А не некои родови од Катовите синови им беа дадени градовите од Ефремовото племе.
67. И им ги дадоа прибежишните градови: Сихем и околината негова на гората Ефремова, Газер и околината негова,
68. Екман и околината негова, Веторон и околината негова,
69. Елон со околината негова и Гатремон и околината негова;
70. од полуплемето Манасиево - Анеир со околината негова и Јевлам со околината негова, тоа за семејствата на другите синови Катови.
71. На синовите Гирсонови од полуплемето Манасиево им го дадоа Голан во Васан со околината негова и Асирот со околината негова;
72. по племето Исахарово - Кедес и околината негова, Надар и околината негова,
73. Рамот со околината негова и Енан со околината негова;
74. од племето Асирово - Масал и околината негова Равот и околината негова,
75. Хукок со околината негова и Реов со околината негова;
76. од племето Нефталимово - Кадис во Галилеја и околината негова, Хамон со околината негова и Каријатаим со околината негова.
77. А на другите синови Мерариеви - од племето Завулоново, Ремон со околината негова и Тавор со околината негова.
78. Од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, на исток од Јордан, од племето Рувимово го дадоа Восор во пустињата и околината негова, Јаса и околината негова.
79. Кадимот со околината негова и Моапсат со околината негова.
80. од племето Гадово - Рамот во Галад и околината негова, Маханаим и околината негова,
81. Есевон со околината негова и Јазир со околината негова.

  1Chronicles (6/29)