1Chronicles (5/29)  

1. Синови на Рувима, првороден Израилев, - тој беше првороден; но откако ја оскверни постелата на татка си, првенството им беше дадено на синовите на Јосифа, син Израилев, но под услов да не се пишат провородени.
2. Бидејки Јуда беше најсилен ме у браката свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосифа, -
3. синови на Рувима, провородениот Израилев, беа: Енох, Фалус, Асром и Хармиј.
4. Синови Јоилеви: Семеј и Ванеа, негов син; неговиот син Гог, неговиот син Семеј,
5. негов син Миха, негов син Риха, негов син Ваал,
6. негов син Веира, кого што асирскиот цар Теглафаласар го одведе во плен. Тој беше кнез на Рувимците.
7. А браката негови, според родовите нивни, според нивниот родословен спирок, беа: Јоил - главен, потоа Захарија
8. и Валек, син Азузов, син на Сама, син Јоилов; тој живееше во Ароир, до Наван и до Веел-Маон;
9. потоа живееше тој кон исток до влезот во пустињата, кој се протега до реката Ефрат, зашто беа многубројни во земјата Галадска.
10. Во дните на Саула, тие водеа војна со Агарјаните, а тие се настанија во шаторите нивни по целата источна страна на Галад.
11. Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Васанска, до Селха:
12. во Васан прив беше Јоил, втор - Сафам, потоа Јанин, книжник васански.
13. Браката нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мосолам, Севеј, Јорај, Јохан, Јовија и Овид, седум.
14. Еве ги синовите на Авихајла, син Рувинов, и Ади, син Галадов, син на Михаила, син Јесеинов, син Једаинов, син Вузов.
15. Ахи, син на Авдиила, син Гуниев, беше старешина во домот на својот род.
16. Тие живееја во Галад, во Васан и по селата негови и во сите околности на Сарон, дури до крајните граници нивни.
17. Тие сите беа преброени во дните на јудејскиот цар Јоатам и во дните на израилскиот цар Јеровоам.
18. Ме у потомците на Рувима и Гада и полуплемето Манасиево имаше воинствени лу е, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и свикнати на борба, - четириесет и четири иљади и седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.
19. Тие војуваа со Агарјаните, со Итурејците, Нафисејците, Надавјеците.
20. И помош им беше дадена против нив, и Агарјаните беа предадени во рацете нивни со се, што имаа, зашто во времето на борбите тие го повикуваа Господа, и Он ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.
21. И ги зедоа стадата нивни: педесет иљади камили, ситен добиток двесте и педесет иљади, осли две иљади и сто иљади лу е.
22. зашто ранети паднаа многу, бидејки борбата беше од Бога. И живееја на нивното место до преселувањето.
23. Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Васан до Ваал-Ермон и Санир и до гората Ермон; и тие беа многу.
24. Еве ги нивните старешини: Гофер, Јеси, Елиил, Јеремија, Јодија и Једиил, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои.
25. но кога згрешија против Бога на татковците свои и почнаа да одат блудно по боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,
26. тогаш Бог Израилев го возбуди духот на асирскиот цар Фула и духот на асирскиот цар Теглатфаласара, и тие г преселија Рувимците и Гадовците и полуплемето Манасиево и ги одведоа во Алаи, Јовор и Аран и на реката Гозан, - каде што се и до ден денешен.

  1Chronicles (5/29)