1Chronicles (4/29)  

1. Синови Јудини: Фарес, Есром, Хармиј, Ор и Совал.
2. Рада, Совалов син, го роди Јета; Јет го роди Ахимеја и Лада; од нив се родовите на Аратинците.
3. А тие се синови Етанови: Језраил, Јесман, Јевдан, и сестрата нивна, по име Есијадесфон.
4. Фануил, тако на Гедора, и Езер, татко на Осана. Тоа се синовите на Ора, првенец Ефратов, татко Витлеамов.
5. Асор, таткото на Текоа, имаше две жени: Хала и Мара.
6. Мара му ги роди Ахаза и Адера, Темана и Астира, тоа се синовите од Мара.
7. Синови од Хала: Серет, Саар, и Естанам.
8. Кос го роди: Енова и Совива и родовите на Рихава, Јаримов син.
9. Јавис беше попрочуен од своите брака. Мајка му го нарече Јавис, велејки: го родив со болки.
10. И повика Јавис кон Бога Израилев, велејки: "О, да ме благословеше со Твоето благословие, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!" И Бог му го даде она за што молеше.
11. А Хелув, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ешона.
12. Асатон го роди Сатрафа, Сефија и Тана, татко на градот Нас, брат на Селома Кенезеецот и на Ахава; тоа се жителите на Рихавави.
13. Синови Кенезеови: Готонил и Сараја, син Готонилов: Атат.
14. Манатај го роди Гофора, а Сараја го роди Јорама, таткото на оние што живееја во долината на дрводелците, зашто беа дрводелци.
15. Синови на Халева, Јефонин син: Ир, Ила и Нам. Син на Ила: Кенез.
16. Синови на Амелима: Зиф, Зефа, Тирија и Есерил.
17. Синови Езрови: Јетер, Морад, Авфер и Јамон; Јетер, пак, го роди Марона, Семеја и Јесевоја, таткото на Гедар, таткото на Естамона.
18. А жена му Адија го роди Јареда, Гедоров татко, и Авера, татко на Сохо, и Ехитла, татко на Занона. Тоа беа синови на фараоновата керка Ветија, што ја беше зел Морил.
19. Синови на жена му Одија, сестна Новамова, татко Келиов: Гармиј и Еседемон од Махата.
20. Синови Симеонови: Амнон, Рамнон, син Ананов и Тимнонов. Синови Ишиеви: Зохев и Бензохет.
21. Синови на Силома, син Јудин: Ир, татко на Леха и Лаеда, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Ашбеевиот дом,
22. и Јоким, и жителите на Хозева, и Јоаш, и Сараф, коишто имаа владение во Моав, и Јашувилехем; но тоа се дамнешни работи.
23. Тие беа грнчари, живеејки и во градините и овшните градини; живееја таму при царот, за да му работат.
24. Синови Симеонови: Немуил, Ламин, Јарив, Зерах и Саул.
25. Негов син Шалум; негов син Мивсам; негов син Мишма.
26. Синовите на Мишма: Хамуил, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Семеј.
27. Семеј имаше шеснаесет синови и шест керки, но браката негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини.
28. Тие живееја во Вирсавија, во Савата, во Монада и во Есерсуал,
29. во Валај, во Асем, во Толад,
30. во Ватуил, во Ерма, во Сикел,
31. во Вертшаринот, во Имисусес и домот Варусеорим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давида,
32. со селата нивни: Етам, Аин, Рамнон, Токан и Есар, - пет градови,
33. и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија.
34. А Месовав, Јамлех и Јосија, син на Амасија,
35. Јоил и Јеху, син на Јошива, син на Сераија, син Асиилов,
36. Елиоенај, Јакова, Ишохаија, Асаија, Адиил, Ишимиил и Ванеја,
37. и Зиза, син на Сафеја, син на Алона, син на Једаија, син на Шимрија, син Шемаиев, -
38. сите овие споменати беа кнезови над своите родови, и домот на татковците нивни се расколни многу.
39. Тие одеа до Герара и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои;
40. и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано во нив живееја малкумина од Хамовците.
41. Па појдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се нао аа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни.
42. А од нив, од Симеоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сир; кнезови им беа: Фалтија, Ноадија, Рафаија и Озиил, синови Јесови,
43. и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.

  1Chronicles (4/29)