1Chronicles (26/29)  

1. Еве го распоредот на вратарите: од Кореевците: Моселемија, Кореев син, од синовите Асафови.
2. Синови Моселемиеви: првороден Захарија, втор - Јадиил, трет - Завадија, четврти - Јатанаил,
3. петти - Олам, шести - Јонатан, седми - Елионај.
4. Синови Авдедови: првороден Самија, втор - Јозават, трет - Јоат, четврти - Сахар, петти - Ротануил,
5. шести - Амиил, седми - Исахар, осми - Фелатиј, зашто Бог го беше благословил.
6. На синови негов Самија му се родија исто така синови, кои беа началници во родот свој, бидејки беа мажи силни.
7. Синови Семееви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и Јахија и неговите брака, мажи храбри: Елија, Савахија и Исваком.
8. Сите тие беа од синовите на Авдедома; тие и синовите нивни и браката нивни беа мажи погодни и за служба способни: Авдедом ги имаше шеесет и двајца.
9. Моселемиј имаше синови и брака, мажи способни - осумнаесет.
10. Осиј, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Симриј, старешина, иако не беше првенец, но татко му го беше поставил за старешина;
11. втор - Хелкија, трет, - Тавелија, четврти - Захарија; сите синови и брака на Оса беа тринаесет.
12. Тоа беше распоредот на вратарите според старешините на родовите, способни за служба заедно со браката свои, за да служат во домот Господов.
13. Тие фрлија жреб, како малиот, така и големиот, според домовите на своите татковци, за секоја врата.
14. Жребот за источната му се падна на Селимија; фрлија жреб и за синот негов Захарија, умен советник, и жребот му се падна за северната.
15. На Авдедома - за јужната, а на синовите негови - при ризниците.
16. На Есефеима и на Оса на запад при Салехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража.
17. Кон исток имаше по шестмина левити, кон север - по четири, кон југ - по четири, а при ризниците - по двајца.
18. Кон запад на патот при тремот - по четири, а при самиот трем - по двајца.
19. Тоа беше распоредот на вратарите од синовите Корееви и синовите Мерариеви.
20. А браката нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и на ризницата на посветените работи.
21. Ме у синовите на Ладана, Гирсонов син, ме у старешините на домовите од Ладана Гирсонски, беше Јехиел.
22. И синовите Јехиелови: Земет и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом,
23. заедно со потомците на Амврама, Исара, Хеврона и Озиила.
24. Суваил, син на Герсона, Мојсеев син, беше старешина на ризниците.
25. Брат му Елиезер имаше син Равија, а тој - син Јосија, а тој - син Јорам, а тој - син Зехриј, а тој - син Саломот.
26. Саломот и браката негови ги надгледуваа сите ризници на светите работи, што ги беше посветил царот Давид и кнезовите и иљадниците, стотниците, и војводите на војската.
27. Од војните и од пленот тие посветуваа за одржување на домот Господов.
28. И се, што беше посветил Самуил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Авенир, синот Ниров, и Јоав, синот Саруев, сето посветено беше под рацете на Саломота, и браката негови.
29. Од родот Исаров: Хонанија и синовите негови беа одредени за надворешна служба во Израилот, за писари и судии.
30. Од родот Хевронов: Асавија и браката негови, храбри мажи, иљада и седумстотини, имаа надзор над Израилот, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба.
31. Во родот Хевронов Урија беше началник на Хевроновците, во нивните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и ме у нив се најдоа јунаци мажи во Јазир Галадски.
32. И браката негови, мажи способни, две иљади и седумстотини, беа началници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и полуплемето Манасиево за сите Божји и царски работи.

  1Chronicles (26/29)