1Chronicles (24/29)  

1. Еве го и распоредот на синовите Аронови: Ароновите синови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.
2. Надав и Авиуд умреа пред таткото свој, а синови немаа, затоа свештенодејствуваа Елеазар и Итамар.
3. И Давид ги распореди: Садока - од синовите Елеазарови, и Авимелеха - од синовите Итамарови, според редот на службите нивни.
4. И се најде, дека ме у синовите Елеазарови имаше повеке старешини, отколку ме у синовите Итамарови. И тој ги распореди вака: од синовите Елеазарови - шеснаесет старешини, а од синовите Итамарови - осум.
5. А ги распоредуваше со жреб, зашто старешините во светилиштето и старешините пред Бога беа од синовите Елеазарови и од синовите Итамарови;
6. и ги запиша Семаја, синот Натанаилов, писар од левитите, пред лицето на царот и кнезовите и пред свештениците Садока и Авимелеха, Авијатаровиот син, и пред старешините на свештеничките и левитските домови: кога се фрлаше жреб, зедоа еден од Елеазаровиот род, потоа зедоа еден од Итамаровиот род.
7. Првиот жреб падна на Јоарима, вториот за Једија,
8. третиот - за Харива, четвртиот - за Сеорима,
9. петтиот - за Мелхија, шестиот - за Мејамина,
10. седмиот - за Акоса, осмиот - за Авија,
11. деветтиот - за Јисуја, десеттиот за Сехенија,
12. единаесеттиот - за Елијасива, дванаесеттиот - за Јакима,
13. тринаесеттиот - за Офаја, четиринаесеттиот - за Јасваја,
14. петнаесеттиот - за Велгија, шеснаесеттиот - за Емира,
15. седумнаесеттиот - за Езира, осумнаесеттиот - за Афисиса,
16. деветнаесеттиот - за Фетија, дваесеттиот - за Језекиила,
17. дваесет и првиот - за Јахина, дваесет и вториот - за Гамуила,
18. дваесет и третиот - за Далеја, дваесет и четвртиот - за Леила.
19. Тоа беше нивниот ред при службата нивна за доа ање во домот Господов, според наредбата за нив, наредено од таткото нивни Арона, како што му беше заповедал Господ, Бог Израилев.
20. Кај другите Левиеви синови распоредот беше: од синовите Амврамови - Соваил; од Соваиловите синови - Јадаја;
21. од Равинија синот Јесија беше прв;
22. од Исахара - Соломот; од Соломотовите синови - Јад;
23. од синовите Јетови, прв беше Јериј, втор - Амадија, трет Јазиил, четврти - Јекмоам.
24. Од Озииловите синови - Миха; од Миховите синови - Самир.
25. Брат на Миха беше Исија; од Исиевите синови - Захарија.
26. Од синовите Мерариеви - Моли и Муси; од синовите Озиини - Ваниј.
27. Синови Мерариеви од Озија - Јесом, Закхур и Јовди.
28. Од Молија - Елеазар: тој немаше синови.
29. Од Киса и од синовите Кисови - Јерамеил;
30. синови Мусиеви - Моли, Едер и Јеримот. Тоа беа синовите левитски според поколенијата нивни.
31. И тие фрлија жреб заедно со браката свои, Аронови синови, пред лицето на царот Давида и Садока и Авимелеха и старешините на свештеничките и левитските редови: старешината на родот заедно со помалиот брат свој.

  1Chronicles (24/29)