1Chronicles (23/29)  

1. Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израилот синот свој Соломона.
2. И ги собра сите кнезови израилски, свештениците и левитите;
3. а левитите од триесет години и нагоре беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум иљади души.
4. Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири иљади, писари и судии - шест иљади,
5. четири иљади вратари и четири иљади, оние што ке Го слават Господа со свирки, направени од Давида за прославување на Господа.
6. И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови - Гирсона, Ката и Мерарија.
7. Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.
8. Синови Ладанови: прв Јеил, Зетам и Јоил - тројца.
9. Синови Семееви: Саломит, Азиил и Арам - тројца. Тие беа Ладанови родовски старешини.
10. А и уште синовите Семееви: Јет, Зизај, Јоас, Верија. Тоа беа синови Семееви - четворица.
11. Јед беше главен, Зизај втор; Јоас и Верија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.
12. Синовиет Катови: Амврам, Исар, Хеврон и Озил - четворица.
13. Синовите Амврамови: Арон и Мојсеј. Арон беше определен да биде посветен при Свјатаја Свајтих довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господа, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.
14. А Мојсеј, човек Божји, и синовите негови беа придодадени кон Левиевото племе.
15. Синови Мојсееви: Гирсон и Елиезер.
16. Синови Гирсонови: прв беше Суваил.
17. Синови Елиезерови беа: прв Равија. Други синови Елиезер немаше; а Равија имаше многу синови.
18. Синови Исахарови: прв Салумот.
19. Синови Хевронови: прв Јериав, втор Амарија, трет Јазиил и четврти Језекија.
20. Синови Озиилови: прв Миха и втор Јесија.
21. Синови Мерариеви: Моли и Муси. Синови Молиеви: Елеазар и Кис.
22. Елеазар умре и немаше синови, туку само керки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.
23. Синови Мусиеви: Моли, Едер и Јаримот - тројца.
24. Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени поименично, сите до еден, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.
25. Зашто Давид рече: "Господ, Бог Израилев, му даде мир на својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,
26. та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа."
27. Затоа, според последните Давидови заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,
28. за да бидата при синовите Аронови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да вршат секоја служба во Божјиот дом;
29. да ги надгледуваат лебовите на предложението, пченично брашно за лебен принос, пресни пити, се печено и пржено и над сите мерки и тежини;
30. да почнуваат секое утро да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,
31. при сите сепаленици, принесувани на Господа во саботни дни, во новомесечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, - постојано пред лицето на Господа, -
32. и да ја пазат скинијата на сведоштвото, светилиштето и синовите Аронови нивни брака, при службите во домот Господов.

  1Chronicles (23/29)