1Chronicles (20/29)  

1. По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува Амонитската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше останал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши.
2. И го зеде Давид венецот на царот нивни од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и скапоцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давида. И прилично голем плен изнесоа од градот.
3. А лу ето, што беа во него, ги изведушаше и ги сотираше со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонитските градови; па се врати Давид и сиот народ во Ерусалим.
4. Потоа почна војна со Филистејците во Газер. Тогаш Совохај Хуситецот го уби Сафута, еден од Рефаимовите потомци. И тие се смирија.
5. И пак имаше војна со Филистејците. Тогаш Елеанин, синот Јаиров, го уби Лаомија, Голијатовиот брат, Гетеец, во кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно.
6. Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прстите му беа по шест - се двесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.
7. Тој го навредуваше Израилот, но Јонатан, син на Давидовиот брат Самаја, го уби.
8. Тие се беа родиле од Рефаимовците во Гет, и паднаа од раката на Давида и од рацете на слугите негови.

  1Chronicles (20/29)