1Chronicles (2/29)  

1. Еве ги синовите на Израилот: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Завулон,
2. Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир.
3. Синови Јудини: Ир, Авнан и Силом, - тројцата му се родија од керката Сава, Хананејка. Ир, првенецот Јудин, беше лукав пред очите на Господа, и Он го уби.
4. Тамара, негова снаа, му го роди Фареса и Зара. Сите синови на Јуда беа пет.
5. Синовите Фаресови се: Есром и Јемуил.
6. Синовите Зарови: Замври, Итам, Емуан, Калхад и Даралеј - се на се пет.
7. Синови на Харми: Ахар, кој навлече беда врз Израилот, нарушувајки ја заклетвата.
8. Син Итамов: Азарија.
9. Синови Есромови, што му се родија: Јерамеил, Арам и Халови.
10. Арам, пак, го роди Аминадава: Аминадав го роди Наасона, кнез на Јудините синови;
11. Наасон го роди Салмона, Салмон го роди Вооза;
12. Вооз го роди Овида, Овид го роди Јесеја;
13. Јесеј го роди својот прв син Елијава, вториот Аминадава, третиот Самеа,
14. четвртиот - Натанаила, петтиот - Реила,
15. шетстиот Асак, седмиот - Давида.
16. Нивни сестри беа: Саруија и Авигеја. Синови Саруили: Авеса, Јоав и Асаил, - тројца.
17. Авигеја го роди Амеса; а татко на Амеса беше Јотор, Исмаилец.
18. Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јасар, Сував и Ардон.
19. Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ора.
20. Ор го роди Урија, а Уриј го роди Веселеила.
21. Потоа Есром влезе при керката на Махира, Галадов татко, и ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегува.
22. Сегув го роди Јаира; тој имаше дваесет и три града во Галадската земја,
23. бидејки од Гесурците и Сиријците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, - шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махира, Галадовиот татко.
24. Откако умре Есром во Халев-Ефрат, Есромовата жена Авија му го роди Асдома, татко на Текоја.
25. Синови на Јерамеила, Есромов првенец, беа: првенецот Рам, по него Вуна, Оцем и Ахија.
26. Јарамеил имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Унама.
27. Синови на Рама, првенец Јерамеилов, беа: Маас, Јамин и Акер.
28. Синови Унамови беа: Сама и Садај. Синови Самаеви: Надав и Ависур.
29. Жената Ависурова се викаше Авигеја, таа му ги роди Аузва и Молодија.
30. Синови Надавови: Салад и Апфаин. Салад умре бездетен.
31. Апфаиновиот син беше Јесеј, Јесеевиот син - Сосан, Сосановиот син - Дадај.
32. Синови Јадови, Шамаев брат: Ахисама, Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен.
33. Синови Јонатанови: Фалеф и Заза. Тоа се синовите Јерамеилови.
34. Сосан немаше синови, туку само керки. Сосан имаше еден слуга, Египтјанец, по име Јераа.
35. Сосан му ја даде керката своја за жена на својот слуга Јараа, а таа му го роди Етаја.
36. Етај го роди Натана, Натан го роди Заведа;
37. Завед го роди Офлада, Офлад го роди Јовида;
38. Јовид го роди Иуја, Иуј го роди Азарија;
39. Азарија го роди Хелиса, а Хелис го роди Елеаса;
40. Елеаса го роди Сосомаја, Сосомај го роди Салума;
41. Салум го роди Јекомија, Јекомија го роди Елисама.
42. Синови на Халева, брат Јерамеилов, беа: Мариса, негов првенец, кој е татко на Зифа, а синовите на Мариса, Хевронов татко.
43. Синови Хевронови: Кореј и Тафуј, Реком и Шема.
44. Шема го роди Раема, Јерконов татко, а Реком го роди Самаја.
45. Самаевиот син беше Маон, а Маон беше татко Ветсуров.
46. А Ефа, наложницата Халевова, го роди Арана, Моса и Газера.
47. Синови Адаеви: Регма, Јоатам, Гирсом, Фалет, Гефа и Сегав.
48. Моха, наложницара Халевова, го роди Севера и Тархана;
49. таа го роди и Сагафа, таткото на Мадмина и Саула, таткото на Мадева и татко на Аговдвеја. А керка Халеова беше Асха.
50. Еве ги синовите Халевови: син Ор, првенец од Ефрата; Совал, татко на Киријат-Јарима;
51. Соломон, Ветлеамов татко; Арим, Ветгедоров татко.
52. Совал, Киријат-Јаримовиот татко, имаше синови: Ара, Есиј, Аманит;
53. Умасвај, Киријат-Јарим, Мифитин, Исаматим, Иса и Мареин. Од нив потекнуваат племињата: Саратеи и Естаго.
54. Синови Салманови: Витлеемците и Нетофатците, Атаровците од Јоавовиот дом, и половината од Манатиевите Исари,
55. племињата на писарите, што живееја во Јавис, Тарга, Тим, Саматим и Сахатим, тоа се Кенејците што дојдоа од Емат, од таткото на Рихавовиот дом.

  1Chronicles (2/29)