1Chronicles (17/29)  

1. Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натана "Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор."
2. А Натан му одговори на Давида: "Врши се што ти е на срце, зашто Господ е со тебе."
3. Но во истата нок му дојде словото Божјо на Натана:
4. "Оди и кажи му на слугата Мој Давида: вака вели Господ: ‘Ти нема да ми изградиш дом, каде што ке живеам,
5. зашто Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите Израилеви, и до денес, а одев од шатор во шатор и од живеалиште во живеалиште.
6. Каде и да одев со сиот Израил, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите Израилски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: ‘зошто не ми изградите кедров дом?‘
7. И сега вака кажи му на Мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: Те зедов од овчото стадо, за да те направам водач на Мојот народ Израилот;
8. бев со тебе секогаш, каде и да одеше, ги поразив сите твои непријатели пред лицето твое и го направив името твое како името на големите по земјата;
9. подготвив место за Мојот народ Израилот, го зацврстив, и тој ке живее спокојно на своето место, и нема повеке да го вознемируваат, нечестивите нема повеке да го притискаат, како порано,
10. во оние дни, кога Јас бев поставил судии над Мојот народ Израилот, и Јас бев ги смирил сите твои непријатели, и те известив, дека Господ ке ти изгради дом.
11. Кога ке се исполнат твоите дни, и ти ке се прибереш кај татковците свои, тогаш ке го подигнам твоето семе по тебе, што ке биде од синовите твои, и ке го зацврстам царстово негово.
12. Тој ке Ми изгради дом, и ке го утврдам престолот негов засекогаш.
13. Јас ке му бидам татко, и тој ке Ми биде син, и милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од оној што беше пред тебе.
14. ке го поставам во Мојот дом и во Моето царство засекогаш, престолот негов ке биде вечно цврст."
15. Сите тие зборови и целото видение Натан точно му ги раскажа на Давида.
16. Цар Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: "Кој сум јас, Господе Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна?
17. Но и тоа се покажа малку во Твоите очи, Боже; ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гледаш на мене како на голем човек, Господи Боже!
18. Што уште може да прибави пред Тебе Давид, за да се возвеличи Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга!
19. Господи, за Твојот слуга, според срцето Свое, Ти ги вршиш сите тие големи дела, објавувајки го ова сето величие.
20. Господи, по се она што го чув со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе.
21. И кој е сличен на Твојот народ Израилот, единствен народ на земјата, кај кој доа ал Бог, да го искупи за својот народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела, - преку прогонување на народите од лицето на Својот народ, кој го спаси од Египет Ти.
22. Ти го направи Твојот народ Израилот Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог.
23. И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал.
24. Нека се зацврсти и нека се возвеличи Твоето име засекогаш, за да велат: ‘Господ Саваот, Бог Израилев, е Бог на Израилот, и домот на Твојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице.
25. Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга, дека ке му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе.
26. И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро.
27. Почни, пак, да го благословуваш домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето лице; зашто, ако Ти, Господи, ги благословиш, ке биде благословен засекогаш."

  1Chronicles (17/29)