1Chronicles (16/29)  

1. Го донесоа Ковчегот Божји и го поставија среде скинијата, што ја беше направил Давид за него и му принесе на Бога жртви сепаленици, и мирни жртви.
2. Кога Давид заврши со сепалениците и принесувањето на мирни жртви, го благослови народот во името Господово,
3. и им раздаде на сите Израилци, и на мажи и на жени, по еден леб, по едно парче месо и по чаша вино.
4. Тогаш постави тој на служба пред Ковчегот Господов некои од левитите, за да славословат, да благодарат и да Го превознесуваат Господа, Бога Израилев:
5. Асафа - за раководител, втор по него - Захарија, Јеила, Семирамота, Јеила, Мататија, Елијава, Ванеја, Авдедома и Јеила со псалтири и гусли, и Асафа - да свири на кимвали,
6. а Ванеја и Озила, свештеници, - да трубат постојано пред Ковчегот на заветот Божји.
7. Во тој ден Давид за првпат даде псалм за савословие на Господа преку Асафа и браката негови:
8. "Славете Го Господа, разгласувајте го името Негово; кажувајте ги делата Негови ме у народите;
9. пејте Му, свирете Му; раскажувајте за сите негови чудеса;
10. фалете се со Неговото свето име; нека се весели срцето на оние, кои Го бараа Господа;
11. побарајте Го Господа и силата Негова, барајте го непрастајно лицето Негово,
12. спомнувајте ги чудесата, што ги изврши, знаците Негови и судовите од устата Негова;
13. вие, семе Израилево, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови!
14. Он е Господ, Бог наш; Неговите сугови се по целата земја.
15. Помнете го вечно заветот Негов, словото, што го заповеда за иљада родови,
16. она, што му го вети на Авраама и во кое му се колнеше на Исака.
17. Он му ја постави на Јакова за закон и на Израилот за вечен завет,
18. велејки: ‘Тебе ке ти ја дадам земјата Хананска, како ваш наследен дел.‘
19. Тие тогаш беа малубројни, оти се намалија и во неа беа придојдени,
20. и преминуваа од народ кон народ и од едно царство кон друго племе;
21. но не дозволи никому да ги навредува и ги изобличуваше заради нив царевите:
22. ‘не допирајте се до Моите помазаници и не правете им зло на Моите пророци.‘
23. Пеј Му на Господа, цела земјо, благовестете го од ден во ден спасението Негово.
24. Разгласувајте ја ме у незнабошците славата Негова, и ме у сите лу е чудесата Негови,
25. зашто Господ е голем и многу треба да Го хвали, пострашен од сите богови.
26. Оти сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата.
27. Слава и величие пред лицето Негово, сила и радост во Неговото Свето место.
28. Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му на Господа слава и чест.
29. Воздајте Му ја на Господа славата на името Негово. Замете дар, одете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господа со влелепие во светлината Негова.
30. Трепери пред Него, цела земјо, зашто Он ја основа вселената, и таа нема да се разниша.
31. Нека се веселат небесата, да торжествува земјата, и нека се вели ме у народите: ‘Господ царува!‘
32. Нека се бранува морето и се што го исполнува, да се радува полето и се што е на него.
33. Да ликуваат заедно сите дрвја во дубравите пред лицето на Господа, зашто Он доа а да ја суди земјата.
34. Славете Го Господа, зашто милоста Му е засекогаш,
35. и речете: "Спаси не, Боже, Спасителе наш! Собери не и избави не од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!
36. Благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш и засекогаш!" И сиот народ рече: "Амин, алулуја!"
37. Давид ги остави таму, пред Ковчегот на Заветот Господов, Асафа и браката негови, за да служат пред Ковчегот постојано, секој ден,
38. Авдедон и бракате негови, шеесет и осум души; Авдедом, син Идитунов, и Оса - за вратари;
39. а свештеникот Садок и браката негови свештеници ги остави пред Господовиот дом, што беше на висината на Гаваон,
40. за да принесуваат жртви на Господа врз жртвеникот за сепаленици постојано - наутро и навечер, и за се што е пишано во законот на Господа, што Он му го даде на Израилот;
41. и со нив Емана и Идитума и другите избраници, кои беа именувани посебно, за да Го слават Господа, зашто милоста Негова е засекогаш.
42. Со нив Емана и Идитума да Го слават Бога, свирејки со труби и кимвали и со разни свирки; а синовите Идитумови ги постави при вратата.
43. Потоа се разотиде сиот народ, секој во домот свој; си отиде и Давид, за да го благослови својот дом.

  1Chronicles (16/29)