1Chronicles (14/29)  

1. Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом.
2. Откако разбра Давид, дека Господ го утврдил за цар над Израилот, дека царството негово се воздигнува високо, заради народот негов Израилот.
3. тој си зеде уште жени во Ерусалим, и му се родија уште синови и керки.
4. Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Сам, Совав, Натан и Соломон,
5. Јевеар, Елисуј, Елифалет,
6. Нагед, Нафат, Јафија,
7. Елисам, Валијад, Елифалет.
8. И слушнаа Филистејците, дека Давид бил помазан за цар над целиот Израил, и сите тие се кренаа да го бараат Давида. А Давид, откако разбра, излезе против нив.
9. Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската долина.
10. Давид го праша Бога, велејки: "Да одам ли против Филистејците, и ке ги предадеш ли во рацете мои?" Господ му одговори: "Оди, Јас ке ги предадам во рацете твои."
11. Тие отидоа во Ваал-Фарасин, и таму ги порази Давид. И рече Давид: "Бог ги пресече моите непријатели преку раката моја како воден пролом." Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Фарасин.
12. И Филистејците ги оставија боговите свои таму, а Давид заповеда, та ги изгореа со оган.
13. И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината.
14. Давид пак го праша Бога, и Бог му одговори: "Не оди прави во пресрет нивни, туку скршни од нив и оди кон нив откај црниците;
15. и кога ке чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ке излезе пред тебе, за да го порази филистејскиот логор."
16. Давид направи така, како што му заповеда Господ, и го порази филистејскиот логор, од Гаваон до Газер.
17. И Давидовото име се разнесе по сите земји, и Господ го направи страшно за сите народи.

  1Chronicles (14/29)