1Chronicles (13/29)  

1. Давид се советуваше со иљадниците, стотниците и со сите војводи,
2. и му кажаа на целото собрание израилско: ако ви е угодно, и ако благослови Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши брака насекаде по целата Израилска земја, а исто така и до свештениците и левитите во градовите и селата нивни, за да се соберат при нас,
3. и да го пренесеме Ковчегот на нашиот Бог при нас, зашто во Сауловите дни не се обрнувавме кон него."
4. И целото собрание рече: "Така нека биде!" зашто тоа му се виде праведно на целиот народ.
5. Така Давид ги собра сите Израилци, од Сихор Египетски до влезот во Емат, за да го пренесат Ковчетот Божји од Киријат-Јарим.
6. И отиде Давид и сиот Израил во Кириат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму Ковчегот на Бога, Господа, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име.
7. И го повезоа Ковчегот на нова кола од домот Аминадавов, а Оз и браката негови ја водеа колата.
8. Давид, пак, и сите Израилци свиреа со сета сила пред Бога, со пеење на гусли, псалтири, тимпани и труби.
9. Кога стигнаа до Хидоновото гумно, Оз посегна со раката да го придржи Ковчегот, бидејки воловите го беа настраниле.
10. Но Господ се разгневи на Оза и го порази поради тоа што посегна со рака кон Ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице.
11. Давид се нажали затоа што Господ го порази Оза. И го нарече тоа место Озов пораз; така се нарекува и до ден денешен.
12. И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: "Како ке го внесам при себеси Ковчегот Божји?"
13. И не го пренесе Давид Ковчегот при себеси во Давидовиот град, туку го сврте кон куката на Гетецот Аведар.
14. И стоеше Ковчегот Божји кај Аведара во куката негова три месеци, и Господ го благослови Аведаровиот дом и се што имаше.

  1Chronicles (13/29)