1Chronicles (12/29)  

1. Еве ги оние кои исто така дојдоа при Давида во Сикелаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саула; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата,
2. вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браката Саулови, од Венијамина;
3. кнез беше Ахизер, по нека Јоас, синови на Сама од Гива; Јазиил и Фалит, синови Замотови; Варихија и Јуј од Анатот;
4. Самија од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината; Еремија, Језекил, Јоанан и Јозават од Гадара;
5. Елиозиј, Јеримут, Валија, Самарија, Сафатија од Аруфа;
6. Елкана, Јесија, Уелиил, Језар, и Јесвал, од Кореевците;
7. и Јоил и Завадија, синови на Јероама, од Гедор.
8. При Давида во крепоста, во пустињата дојдоа мажи јунаци, од Гадовците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни - лицата лавовски, брзи како елени в гора.
9. Главен беше Азер, втор Авдија, трет - Алијад.
10. четврти Масман, петти - Јеремија,
11. шести - Јетија, седми - Елиил,
12. осми Јоанан, деветти - Елзавал,
13. десетти - Јеремија, единаесетти - Махавенај.
14. Тие, синовите Гадови, беа војводи во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над иљада.
15. Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што живееја во долините кон исток и запад.
16. Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината при Давида.
17. Давид излезе да ги пресретне и им рече: "Ако сте дошле со мир при мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доа ате, за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди."
18. И дух го опфати Амасија, водачот на триесеттемина, и тој рече: "Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага." Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.
19. И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давида, кога војуваше со Филистејците против Саула. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите Филистејски, откако се посоветуваа, го испратија велејки: "За наше зло, тој ке побегне при својот господар Саула."
20. Кога се вракаше Давид во Сикелаг, прибегнаа кон него племињата Манасиеви: Еднај, Јозавад, Михаил, Јосафат, Једиил, Елиу, Салатиј, иљадници кај Манасиевите.
21. Тие му помагаа на Давида против четите на Гедур, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.
22. Така секој ден придоа аа кај Давида на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.
23. Еве го бројот на кнезовите во војската, што дојдоа при Давида во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово;
24. Јудини синови, што носеа штит и копје, имаше подготвени за војна шест иљади и осумстотини;
25. од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум иљади и сто;
26. од синовите Левиеви - четири иљади и шестотини;
27. дојде и Јодај, кнез од Ароновиот род, и со него три иљади и седумстотини;
28. и Садок, храбар јунак, и родот негов - дваесет и двајца кнезови;
29. од синовите Венијаминови, браката Саулови, дојдоа три иљади; но уште многумина од нив му веа верни на Сауловиот дом;
30. од синовите Ефремови - дваесет иљади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;
31. од полуплемето Манасиево - осумнаесет иљади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давида;
32. од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израилот; тие беа двесте кнезови, и сите брака нивни одеа по зборовите нивни;
33. од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет иљади, во строј, еднодушни;
34. од племето Нефталимово - иљада војводи и со нив триесет и седум иљади со штитови и копја;
35. од племето Даново - дваесет и осум иљади и шестотини, спремни за војна;
36. од Асира - четириесет иљади војници, подготвени за борба;
37. од онаа страна на Јордан, од племето Рувимово и Гадово и од полуплемето Манасиево, сто и дваесет иљади, со секакво воено оружје.
38. Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со полно срце во Хеврон, за да го зацарат Давида над целиот Израил. Па и сите други Израилци беа еднодушни да го зацарат Давида.
39. И останаа таму при Давида три дена, јадеа и пиеја, зашто браката им беа подготвиле се за нив;
40. па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на осли, камили, маски и волови се за јадење: брашно, смокви, суво грозје, вино и елеј, како и многу ситен и крупен добиток, бидејки радоста беше голема за Израилот.

  1Chronicles (12/29)