1Chronicles (11/29)  

1. Се собраа сите Израилци при Давида во Хеврон и рекоа: "Еве, ние сме коска твоја и плот твоја;
2. и вчера и завчера, кога Саул беше уште цар, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот: и Господ, Бог твој, ти рече: ‘Ти ке го пасеш Мојот народ Израилот и ти ке бидеш водач на Израилот, Мојот народ.‘"
3. Тогаш сите старешини Израилеви дојдоа при царот во Хеврон, и Давид склучи со нив завет во Хеврон пред лицето Господово, и тие го помазаа Давида за цар над Израилот, според словото Господово преку Самуила.
4. И тргна Давид и сиот Израил за Ерусалим, односно за Јевус. А таму беа Јевусејците, жители на таа земја.
5. Жителите на Јевус му рекоа на Давида: "Нема да влезеш тука." Но Давид ја презеде тврдината Сион: тоа е градот Давидов.
6. И рече Давид: "Кој од сите вас најнапред ке ги победи Јевусејците, ке стане кнез и војвода." Најнапред од сите излезе Јоав, Саруевиот син, и стана кнез.
7. Давид живееше во таа тврдина, и затоа ја нерекуваа Давидов град.
8. Тој изгради sидови околу градот, почнувајки од Милон па се наоколу; Јоав, пак, ги обнови другите делови на градот.
9. Давид напредуваше и се воздигаше се повеке и повеке, и Господ Саваот беше со него.
10. Еве ги поглавните Давидови јунаци, кои се бореа храбро со него во царството негово, заедно со сиот Израил, за да го зацарат над Израилот според словото Господово.
11. Еве го и бројот на јунаците што беа при Давида: Јесвал, син Ахаманиев, прв од триесеттемина: тој го извелче мечот свој против триста души и наеднаш ги порази.
12. По него Елеазар, синот на Ахохиецот Додо - еден од тројцата јунаци:
13. Тој беше со Давида во Фаседомин, каде што Филистејците се беа собрале за војна. Таму еден дел од полето беше посеано со јачмен, и народот избега од Филистејците;
14. но тие се запреа среде полето, ги забележаа и ги поразија Филистејците. И Господ даде големо спасение на Своите лу е.
15. Тие тројцата главни од триесеттемина водачи се качија на карпата при Давида во пештерата Одолам, а, пак, филистејскиот логор беше сместен во Рефаимската долина.
16. Давид во тоа време беше во утврдено место, а стражата филистејска беше во Витлеем.
17. Давид ожедне и рече: "Кој ке ми донесе да пијам вода од Витлеемскиот извор, што е при портите?"
18. Тогаш тие тројца се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од Витлеемскиот извор, што е при портите, та му донесоа на Давида. Но Давид не сакаше да пие, туку ја излеа во слава на Господа.
19. и рече: "Да ме чува Господ, тоа да го направам! Зар ке ја пијам крвта на оние мажи, што ги изложија душите свои! Зашто со опасност по животот свој тие ја донесоа водата." - И не сакаше да ја пие. Еве што извршија тие тројца јунаци.
20. И Авеса, братот Јоавов, беше главен ме у тројцата: тој уби со мечот свој триста души и се прослави ме у тие тројца.
21. Од тројцата тој беше највиден и беше водач, но на тие тројца не им беше рамен.
22. Ванеја, синот на храбриот маж Јодај, голем по делата, родум од Кавасаил, ги уби двајцата синови на Ариила Моавски; тој истиот слезе и уби лав во еден ров по снежно време;
23. пак тој уби еден Египтјанец, кои беше пет лакти висок: Египтјанецот имаше во раката копје колу едно ткаечко кросно, а тој пристапи кон него со стап и, откако му го изби копјето од раката на Египтјаницот, го уби со неговото копје.
24. Тоа токму го изврши Јодаевиот син Ванеја, и беше славен ме у тие тројца јунаци;
25. тој беше повиден од триесеттемина, но на оние тројцата не им беше рамен, и Давид го постави за најблизок исполнител на своите заповеди.
26. А главни од борците беа: Асаил, брат на Јоава; Елеанан, син на Додо, од Витлеем;
27. Самот Адитијанин, Хелки Афелонин;
28. Ореј, син на Кис Текуитски; Авиезер Анатотски;
29. Совохај Асотиски; Илиј Ахојски;
30. Воорај Нетофатец; Елад, син на Вајнак, Нетофатецот;
31. Итај, син Ривеинов, од Гава Венијаминова; Ванеја Фаратонијев;
32. Уриј од Неал; Галсавил од Аравеја;
33. Азмот Варсамијски; Елијав Саламијски; Ирас Гоиниски.
34. Синови на Гизонецот Хасема: Јонатан син на Сагти, Арариецот;
35. Ахијам, син Сахаров, Арариец: Зифаил, син на Орин;
36. Афер Мехуратински; Ахија Фелониски;
37. Асарај Мармелински; Ноорај, син Авдиев;
38. Јоил, брат Натанов; Мехар, син Тараиев;
39. Селик Амонец; Наареј Виродин, оружјеносец на Јоава, син Саруев;
40. Ира Јетериин; Гарив и Териин;
41. Урија Хетеецот; Вазат, син Олиев;
42. Адина, син на Саха, кнез на Рувимовците, и тој имаше триесет;
43. Анан, син на Мааха; Јосафат Татанин;
44. Озија Астарот; Сама и Јеил, синови на Хотан од Ароир;
45. Једил, син Самерин, и Јоза, негов брат Тосанец;
46. Јелиил од Маоин, и Арива и Осоја, синови Елијамови, Енам и Устем, Моавци;
47. Елиил, Овид и Јесиил од Месовија.

  1Chronicles (11/29)