1Chronicles (10/29)  

1. Филистејците војуваа против Израилот, и Израилците бегаа од Филистејците и па аа поразени на гората Гелвуја.
2. Филистејците го гонеа Саула и синовите негови и ги убија Јонатана, Аминадава и Мелихисуа, синови Саулови.
3. Битката против Саула се засили, и стрелците се нафрлија врз него, така што тој беше изнаранет од стрелците.
4. Саул му рече на својот оружјеносец: "Извади го мечот свој и уби ме со него, за да не дојдат тие необразани и да се подбиваат со мене." Но оружјеносецот не се осмелуваше, зашто многу се беше уплашил. Тогаш Саул го зеде мечот свој и падна врз него.
5. Оружјеносецот негов, кога виде, дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре.
6. Загина Саул и тројцата синови негови, и целиот дом негов загина заедно со него.
7. Кога Израилците, што беа во долината, видоа, деака сите бегаат и дека Саул и синовите негови се убиени, ги напуштија градовите свои и се разбегаа; а Филистејците дојдоа и се населија во нив.
8. На другиот ден Филистејците дојдоа да ги соберат убиените и го најдоа Саула и синовите негови, паднати на Гелвујската гора.
9. Го соблекоа Саула и му ја зедоа главата и оружјето, и испратија по земјата Филистејска да разгласат за тоа пред своите идоли и пред народот.
10. Оружјето негово го ставија во идолското светилиште пред своите богови, а главата негова ја наденаа во домот на Дагона.
11. И целиот Јавис Галадски чу се, што беа извршиле Филистејците со Саула.
12. Потоа станаа сите силни мажи, го зедоа телото Саулово и телата на синовите негови и ги однесоа во Јавис; тие ги закопаа коските нивни под дабот во Јавис и постеа седум дена.
13. Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господа, затоа што не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите,
14. а не Го побара Господа. Затоа Он и го погуби и царството негово и го предаде на Давида, Јесеевиот син.

  1Chronicles (10/29)